Политика на приватност

Авон Козметикс е обврзан да ја заштити приватноста на секој кој што ja посетува нашата интернет страница, комуницира со нас или пак купува Avon производи преку интернет. Информациите кои ни ги давате се користат во обработка на вашата порачка и во обезбедување ефикасно и лично искуство за купување. Нашата Политика за приватност ви помага да разберете какви информации Avon ќе прибира и како тие ќе бидат искористени. Ние ќе ги собираме и обработиме вашите лични податоци во согласност со Актот за заштита на податоци од 1998 година и кои било други законодавства.

Како ги добиваме и користиме личните податоци

Ние ги добиваме од вас само оние лични информации кои вие лично ги обезбедувате, како на пример: • да ви испратиме брошура • да стапите во контакт со локален претставник, лидер или Зонален менаџер • да направите порачка или да ви дадеме податоци за вашата сметка • кога купувате Авон производи преку нашата интернет страна • кога учествувате во наградни игри на нашата интернет страна • кога барате да ви доставуваме информации преку e-mail Доколку го користите начинот за правење порачка преку интернет, сеедно дали станува збор за директен клиент, Претставник или Лидер, ние ќе го идентификуваме и ќе ги зачуваме податоците за која било трансакција извршена преку нашиот систем. Во одредени случаи вашите лични податоци може да бидат испратени до некои од нашите компании низ светот.

Поделба на информациите со трети лица

За да ги исполниме вашите барања ќе ни биде потребно да ги испратите вашите лични податоци на трето лице, како на пример на нашите агенти за достава. Исто така би можеле да ги користиме информациите кои што ги прибираме за да ве известиме за нови производи и специјални понуди кои мислиме дека ќе ви бидат интересни, важни промени на нашата интернет страна.

Користење на вашите лични податоци

Доколку ни ги доставите вашите лични податоци, ние може да ги користиме истите за: - чување и обработка на податоците за подобро разбирање на вашите потреби и како да ги подобриме нашите производи и услуги; - зачувување на информациите за вашите претходни порачки - користење на вашата e-mail адреса или мобилен телефон за да ви испратиме информации за нови производи, специјални понуди и останати интересни информации - зачувување на одредени информации за фактурирање и за цели на достава. Кога и да не обезбедите со лични информации за вас, ќе видите симбол 'information padlock'. Ова е официјален симбол од Застапникот за зачувување на податоци/Совет на Национални клиенти, и тоа е за да ве предупреди на фактот дека вашите информации се собрани. (Можете да притиснете на симболот во било кое време за да се вратите на страната за повеќе информации). Сите ваши податоци ќе бидат безбедно зачувани во текот на трање на членството кај нас и по 2 години од негово престанување.

Поделба на информациите со трети лица

Доколку станете клиент, Претставник или Лидер, можеби ќе биде потребно да дадете некои важни лични податоци на авторизирани трети лица. Тоа на пример вклучува пополнување на порачка, одредени истражувања, достава на вашата порачка, анализирани податоци, обработка на плаќања, проверка на кредит и обезбедување на услуги. Ние исто така може да ги користиме овие информации за да ве информираме за нови производи и специјални понуди кои мислиме дека ќе бидат интересни за вас, важни промени на интернет страната или други маркетинг цели. Исто така вашите лични информации може да ги испратиме до трети лица доколку имаме дозвола за тоа. Вашите лични податоци може да бидат испратени до било која земја од Avon групацијата и деловните контакти лоцирани во други земји надвор од Европската економска зона вклучувајќи ги Соединетите Американски Држави, дури и во земјите кои не ги содржат истите стандарди за заштита на податоци како Европската Унија.

Како ги штитиме вашите податоци

Свесни сме дека можеби сте загрижени за приватноста и доверливоста на вашите лични податоци, вклучувајќи ги кредитните картички и адреса, па врз основа на тоа преземаме заштитни мерки за да се осигураме дека овие информации се заштитени. Доколку сте регистрирани кај нас, вашата интернет сметка е заштитена со лозинка одбрана од ваша страна. Пристапот до вашата интернет сметка бара корисничко име и лозинка и ви препорачуваме да не ја споделувате оваа информација со некој друг. Avon се грижи за сигурноста на вашите податоци. Вашите информации се автоматски кодирани пред да се пратат преку интернет. (Морате да имате најмалку Microsoft Internet Explorer 4 или Netscape Navigator 4 со цел да ја користите оваа технологија). Вашите податоци ќе бидат зачувани и заштитени за време на траење на вашето членство и по 2 години од негово престанување.

Поврзување до други интернет страни

Ако се поврзете на или од нашата интернет страница на независен и воден од трета страна, ние не можеме да обезбедиме заштита на која било информација која ја доставувате. Страницата на трети лица може да имаат своја политика на прибирање податоци кои се надвор од нашата контрола. Секоја лична информација која ја доставувате на трети лица ќе биде регулирана од нивната политика за приватност, доколку ја имаат. Avon нема да преземе одговорност за овие дејства.

Како можете да се заштитите додека порачувате на интернет

Ни една трансакција преку интернет не може да биде 100% сигурна. Додека преземаме чекори за да ги заштитиме вашите лични податоци, не можеме да гарантираме сигурност на која било информација која ја праќате до нас и тоа го правите на ваш ризик. По приемот на вашите податоци, ние правиме напори за да ја обезбедиме нивната сигурност во нашиот систем. Вие сте одговорни за одржување на сигурноста на вашето корисничко име, лозинка и/или било каква информација за сметката.


Чување на вашите информации во тајност:

- не дозволувајте некој друг да ја знае вашата лозинка - никогаш не ја запишувајте лозинката - никогаш не ја праќајте лозинката по e-mail – на нас или на некој друг - никогаш не дозволувајте некому да види што чувате, особено на јавно место - секогаш одјавете се откако ќе ја завршите трансакцијата - веднаш извесетете не доколку забележите проблем во сигурноста

Пристап до вашите информации

Имате достап до вашата информација во секое време. Доколку сакате да проверите какви информации имаме за вас или доколку сакате да измените нешто во личните податоци, јавете се на тел. 02/3243 - 800.

Прифаќање на условите

Со користење на оваа интернет страна, Вие се согласувате на оваа Изјава за приватност и сигурност на податоците. Доколку не се согласувате, ве молиме да не ја користите оваа интернет страна. Avon го задржува правото на промена на оваа политика во кое било време.