Сонуваш за навраќање на едноставноста на природата и живот со значење, во овој брз технолошки - ориентиран свет?

Вегански? Еколошки? Алерготестирани? Звучи одлично? Дефинитивно.

Distillery е и повеќе од тоа. Се одликува со чисти состојки, моќни активни и концентрирани формули, без непотребни хемикалии. Ова е колекција која на кожата ѝ ја дава сета потребна нега за да изгледа совршено.

Од неверојатниот балсам за чистење до висококонцентрираната пудра во прав со витамин Ц, време е да го искусите најмоќниот ритуал за нега на кожата и да се придружите на Distillery револуцијата.

Ослободи го лицето од нечистотиите со помош на супер хидрирачкиот балсам за чистење. Збогатен со масло од кајсија, путер од какао и путер од манго, нежно ја разложува дури и долготрајната шминка, давајќи ѝ прекрасен свеж и исполнет изглед на кожата.

Обновувачкото масло за лице веднаш го освежува изгледот на уморната кожа. Создадено со мешавина на масло од јојоба, витамин Е и фитол, на кожата ќе ѝ овозможи блескав, свеж изглед.




Со 100% минерален заштитен фактор и 100% растителен глицерин, овој мултифункционален, матирачки дневен крем за лице навистина дејствува. Содржи дестилиран екстракт од роза, многу нежен, дури и за чувствителната кожа.

Чист бран на витамин Ц во прав за посјајна и блескава кожа. Доволно е да се протресат две дози од свиленкастиот прав во омилениот крем или серум, за инстантен и здрав изглед на кожата. А дополнително го збогативме и со витамин Е.

Ноќна нега како излезена од соништата. Зошто? Содржи нијацинамид што ги стеснува порите, 100% растителен глицерин и натриум хијалуронат. Овој кристално чист крем ја потхранува кожата со моќна 48-часовна влажност во текот на ноќта, за да се разбудиш со кожа која сјае.

КОМПЛЕТ „ОД УТРО ДО ВЕЧЕР“

КОМПЛЕТ „БРАН НА МОЌ“