Македонија
    |         |         |    
 
 
Make up Questions and Answers
   
   
 

Заинтересирана сум да пробам нешто ново оваа сезона, а не би сакала да изгледа дека се трудам премногу. Што би ми препорачале вие?

Козметиката со метален сјај е ново популарно нешто. Таа изгледа прекрасно на усните исто како и на очите и вие можете инстантно да искреирате нов изглед. Дополнете си ја вашата палета на бои кои редовно ги употребувате но измешајте ги со неколку нови сенки со метален сјај . Пробајте го Mirror Shine – моливчето за очи за да добиете суптилен метален сјај на капаците на очите.

Каде е најпогодно место да ја испробам пудрата?

Не ја тестирајте никогаш пудрата на рацете, затоа што тие никогаш не се иста боја како вашето лице. Најдобро место е околу подбрадокот, и доколку приметите дека пудрата се стопила со бојата на кожата, тоа е вистинската нијанса за вас.

Моите очи често изгледаат уморно и се црвени наутро. Што треба да сторам за да ги освежам?

За да ги отворите и освежите вашите очи додајте мала количина на коректор околу надворешните агли на вашите очи и потоа нанесете тенка линија со бел креон под трепките на долниот капак на окото. Сјајниот и светол молив за очи е идеален за употреба на сенка или линија, и инстантно го освежува изгледот.

Имам доста тенки усни и би сакала да ми изгледаат малку поголеми. Дали има некој трик за усните да ми изгледаат по исполнети?

Нанесете ја посакуваната сенка користејќи четка за кармин на горните и долните усни, а потоа употребете посветла нијанса на средината на долната усна. Исто така можете да искористите и стик за осветлување како на пример Invisible Light на средината над горните усни. Запомнете дека темните сенки или многу мат боите ќе направат вашите усни да изгледаат помали.

Како можам да ги одржувам мојата козметика и приборот чисти?

Многу е важно да го одржувате вашиот прибор за шминка чист, посебно четките, затоа што тие можат да се инфицираат со некоја бактерија која би можела да се пренесе на вашата кожа, и да доведе до појава на несакани бубулички. Брз и лесен начин да го одржувате приборот чист е да користите бебешки марамчиња.

Сакам да употребувам сјај за усни но често ми се разлева. Како можам да го задржам на усните подолго време?

Пробајте го новиот сјај за усни на Shine Supreme или Glazewear-Metallic shine.Овие прекрасни сјаеви, нема да ви се разлеат од усните, а ќе ги одржуваат меки и негувани.

Понекогаш мојата кожа изгледа овената и без сјај. Како да го вратам здравиот сјај на мојата младост?

Беспрекорно убава кожа не значи правење пилинг врз нанесената пудра. Наместо тоа пробајте да ја користите Invisible Light Illuminating Makeup базата пред да ја нанесете пудрата на вашето лице. Таа е лесна и ќе направи вашата кожа да изгледа сјајна.

Имам светол тен на кожата но се плашам да употребам средство за самопотемнување.Како да добијам сјај на лицето?

Измешајте малку од кремата за самопотемнување со нормална хидрантна крема и нанесете на местата кои се гледаат. Како алтернатива почнете со подготвената хидрантна нијанса на лицето, и потоа лесно нанесете малку прав од Arabian Glow Face Pearls на вашите јаболчници.