Почнувајќи од 1992 година, фондацијата AVON за Здравје на Жената има собрано 450 милиони долари, првенствено наменети за истражување, едукација и превенција од рак на градите, со што се направија значајни промени во животот на жените низ целиот свет.
Со цел да се одблежи интернационалниот месец на Едукација за ракот на дојката, во месец Октомври 2005 година, АVON ги воведе и во Македонија производите со Розова Панделка, со чие купување се донираат средства наменети за истражување на причините кои предизвикуваат рак на дојката, како и за лекување на жените заболени од оваа болест.
Зошто е важна Борбата против ракот на дојката во Македонија:
*700 жени во Македонија годишно заболуваат од рак на дојка.
* Најризична група е популацијата над 40 години.
* Секоја 10та жена во светот заболува од рак на дојката секоја година.