Македонија
    |         |         |    
How to choose perfumes

Како да го одбереш вистинскиот мирис и да се преобразиш за помалку од 10 минути?

Дали мислиш дека ова е невозможно? Мирисите имаат огромна моќ! Тие влијаат на нашето расположение, можат да го зголемат нашиот авторитет, да го сменат начинот на кој изгледа нашата силуета, па дури и да нè направат да изгледаме повозрасно или помладо. Дали сеуште се сомневаш? Избери го твојот нов мирис со нас и преобрази се за помалку од 10 минути!

Моќта на мирисите е позната низ вековите: оние кои биле изработени од природни масла и екстракти чинеле неверојатно многу во минатото. Мирисите имаат навистина уникатна моќ да влијаат на луѓето: многу почесто се сеќаваме на мирисот повеќе од некој настан кој навистина се случил, а згора на тоа – ова ни доаѓа чисто инстинктивно.  

Мирисот на свежо печен леб ги стимулира нашите плунковни жлезди, додека мирисот на кафе носи пријатни спомени. Многу компании и продавници го користат овој феномен за да влијаат на нашите одлуки при купувањето.

Моќта на мирисите можеме да ја користиме и во секојдневниот живот. Каков вид на мирис треба да избереме за да се чувствуваме посекси, што би било најдобро за на работа, а што може да направи да изгледаме помлади?

Како да одбереш мирис? Запомни го ова!

Парфем Rare Pearls

1. Одбери мирис наутро, кога твоите мирисни сетила се одморени

Многу фактори влијаат на она што го преферираме како мирис, вклучувајќи ги и нашето моментално расположение или нивото на хормони. Фокусирајте се на 2-3 мириса во исто време; повеќе од тоа може да биде збунувачки и да резултира со несоодветен избор.

2. Запомни: Не постојат универзални мириси

Иако теоријата може да тврди поинаку,  во реалноста, доколку сакаш да ја искористиш моќта на мирисите, не очекувај еден ист мирис да одговара на сите твои прилики. Исто како кога еден фустан кој не ти е доволен за сите пригоди, и мирисот не може да се сведе на еден универзален состав. Кога избираш мирис, размисли каде би сакала да го носиш, како тој ќе се вклопи со твојата гардероба, шминка итн. Се разбира, секогаш можеш да одбереш еден мирис кој е соодветен за повеќе пригоди, но зошто да се ограничиш така?

Парфем Little Black Dress

3. Обрни внимание на мирисните ноти

Цитрусните ноти подмладуваат, го расположуваат и развеселуваат оној кој ги носи, како и целата околина. Цветните мириси помагаат во борбата против срамежливоста, но ако се премногу слатки, тие можат да го намалат твојот авторитет. Ако имаш намера да заведуваш, избери мириси со ноти на мошус, килибар или смола. Од суштинско значење е да се запамети дека перцепцијата на мириси е многу индивидуална, па затоа прво треба да обрнеш внимание на она што твоите сетила и интуиција го преферираат!

4. Не го користи мирисот како маска зад која се криеш!

Мирисот може да влијае на тоа како другите нè гледаат, но тоа е бесмислено да се користи како форма на маскирање. Кога се преправаме дека сме нешто што не сме, ретко го постигнуваме вистинскиот ефект. Напротив, треба да ги нагласиме нашите карактерни особини со мирисот кој го носиме. Парфемите кои не соодветствуваат со нашиот карактер нè прават да изгледаме чудно, а оние околу нас можат тоа да го забележат.

Совршени мириси за на работа

Тие треба да бидат свежи, но не многу интензивни. Во зависност од тоа што го работиш, сигурно ќе ти се допаѓа еден од овие: Pur Blanca, Avon Pure, Individual Blue Free, Viva la Vita.

Совршени мириси за на романтичен состанок

Овие мириси може да бидат појаки и сензуални, но доколку сакаш цветни ноти – и тоа е одлично. Ние предлагаме: Avon Attraction, Incandessence, Premiere Luxe, Little Black Dress.

Експериментирај со мирисите!

Парфем Far Away

Светот на мирисите, исто како и светот на модата, е совршено игралиште за храбрите. Не се приврзувај за еден мирис: дури и ако имаш омилен мирис кој го користиш со години, мала промена одвреме навреме е препорачлива. Кој знае? Можеби ќе се вљубиш во некој нов мирис?

Парфем Rare Pearls

Парфем Little Black Dress

Парфем Far Away