Македонија
    |         |         |    
BSP_motivation_boosters

Маникир во домашни услови – како да имаш прекрасни и здрави нокти?

Листата на фактори кои ги оштетуваат нашите нокти е долга: вода и детергенти, несоодветна исхрана, промена на годишните времиња, хормоналното пореметување и стресот. За среќа, постојат многу начини да се подобри нивната состојба. Ајде да ги искористиме во домашниот маникир. Следи го нашиот совет како тоа да го сториш правилно.

Киснење на рацете

Пред да започнеш со маникирот дома, отстрани го стариот лак за нокти и искисни ги добро ноктите. Тоа го прави отстранувањето на кожичките и кратењето на ноктите многу полесно. Токму затоа, многу жени го започнуваат својот маникир веднаш после миењето садови, перењето на рака или по капењето.

Острани го вишокот заноктици

Нежно отстрани ги заноктиците од ноктот со специјално стапче. Не ја сечи заноктицата со ножички или ноктарка. Уште повеќе, сечењето на заноктиците прави тие да растат поголеми и подебели. За несреќа, понекогаш немаш избор, бидејќи тие се предолги.

Измазни ги ноктите

Обиди се да не ги сечеш ноктите со ножички. Наместо тоа, измазни ги со турпија, по можност поставена дијагонално во една насока, особено кога ноктот е расцветан. Ако твоите нокти се навистина дебели, користи ноктарка. Добро е да ги имаш овие неопходни алатки при рака во соодветно пакување, во кое можеш лесно да ги понесеш со себе во чанта. Неопходни алатки за нокти

Ако особено цениш професионален маникир, инвестирај во алатката 5-во-1. Работи на батерии, а електричната турпија има 5 различни врвови: една форма за полирање на ноктот, друга за израмнување на страните на ноктот, додаток за прецизно и детално обликување на ноктот, а последниот врв ја измазнува површината на ноктот.

Разиграј се со боите!

Кога твоите нокти се веќе средени, можеш да си поиграш со боите и да се осмелиш да нанесеш ултра модерен маникир. Користи транспарентна основа за да ја заштитиш и нахраниш основата на ноктот. Потоа, пробај еден од сјајните гел лакови од серијата Avon Gel или избери од многуте нијанси на линијата Gel Shine. Играј со дизајните, комбинирај ги боите и постојано изненадувај се себеси со нови идеи за ноктите. Кликни тука за мала инспирација.

Спас за оштетените нокти

Ако твоите нокти не се во најдобра форма, негувај ги со третман за обнова. Направи пауза во носењето лак, бидејќи постојаната употреба на остранувач на лак и нанесувањето на нов слој дополнително можеда ги ослабне ноктите. Наместо тоа, користи регенератор, на пр. проѕирен лак за кршливи и нокти кои се лупат со кератин, кој ги враќа ноктите назад во најдобра форма.

 Престани да корнеш!

Теоретски сите тоа го знаеме, но понекогаш во стресни ситуации, лошите навики преовладуваат над нас. Грицкањето на ноктите и корнењето на заноктиците се најстрашните гревови за прекрасните раце. Тоа ја ослабува површината на ноктите, изложувајќи ја на инфекции и ... едноставно ги прави ноктите да изгледаат многу неубави. Ако не можеш да го поднесеш гребењето на заноктиците, навлажни ги со соодветен крем наместо да ги гризеш!

Нега на заноктиците

Секогаш кога е тоа можно, за време на секој маникир или почесто, хидрирај ги заноктиците. Специјалниот крем за оменување на заноктици ќе биде добредојден, бидејќи содржи алфа-хидроксилни киселини (АХА) и витамин Е, кој ја хидрира и храни кожата околу основата на ноктот. Нанеси од кремот околу основата на ноктот и остави да се впие. По неколку серии на третирање, многу е веројатно дека твоите заноктици нема повеќе да се сушат и да боцкаат.

Спријатели се со кремот за раце

По секое миење на рацете, нанеси добар, хранлив крем за раце и нокти, на пр. хидрирачкиот крем за раце од линијата Planet Spa. Toj содржи скапоцено маслиново масло кое ефикасно ги хидрира твоите раце за долго време. Секогаш носи крем за раце со себе – остави еден на работната маса, дома во бањата, во чантата и возилото.