Честопати кога наутро станувам забележувам дека подочниците ми се со мали перничиња, дури и после добар сон. Дали правам нешто погрешно? Најчеста причина од која потекуваат подочниците е употребата на маслени отстранувачи на шминка , околу очите, пред да заминете на спиење. Многу е важно да употребувате посебен крем за отстранување на шминката околу очите, затоа што таа област е по деликатна отколку останатите делови на вашата кожа. Која е разликата помеѓу дневните и ноќните креми ?
Повеќе дневни креми содржат SPF (заштитен фактор) против штетното влијание на УВ зраците, за кои секако не ви е потребна заштита во темнина ! навечер , вашата кожа абсорбира повеќе хидратација и се обновува себеси додека спиете. Колку често треба да употребувам пилинг за лице?
Чистењето на вашето лице два пати неделно е доволно за да се ослободите од сите мртви клетки од површината на кожата, кои ја прават вашата кожа да изгледа овената. Нанесувајте со лесни кружни движења и исплакнете со вода. Секогаш користете различен пилинг за лицето од оној за телото. Се наоѓам во 30-тите и забележувам се повеќе брчки. Не сакам да подлегнам на хируршки зафат, но што можам да направам да изгледам помлада? Прво и најважно е да ја заштите вашата кожа од сончевите зраци, поради тоа што тие прават вашата кожа да изгледа постара одколку што е. Делувајте на брчките со тоа што ќе ја одржувате кожата добро нахранета и хидратирана со добар навлажнувач кој содржи заштитен фактор. Исто така треба да користите производи кои делуваат на специфични подрачја. Во лето мојата кожа изгледа прекрасно меѓутоа во зима изгледа сува и прозирна. Што правам погрешно? Би требало да си ја смените рутината за грижа на кожата која ќе одговара на сезоната. Во зима пробајте да употребувате интензивни хидрантни креми како што е маска за лице, и користете подебел слој на хидратантна крема. Пијте барем по еден литар вода дневно, и тоа ќе ви помогне да ја задржите вашата кожа хидратирана и со свеж изглед. Не заборавајте , сончевите зраци можат да ја оштетат вашата кожа во зима исто така, па затоа секогаш нанесувајте дневен крем со заштитен фактор. Колку често треба да употребувам крема за заштита од сонце ? Пожелно е да употребувате заштитен фактор барем 20 мин, пред изложување на сонце. Потоа нанесувајте почесто, посебно после пливање. Употребувајте отприлика количина колку една мала чашка, која би го покрила целото ваше тело, размачкувајте нежно како не би исчезнала количината комплетно. Мојата шминка содржи заштитен фактор, па дали би требало да користам нешто друго на лицето? Шминката која содржи заштитен фактор е идеална за секојдневна употреба и ќе ви помогне во заштитата против честото изложување на сонце, како што е периодот на пладне. Не е дизајнирана да биде водоотпорна, па затоа бидете сигурни дека користите висок фактор на лосиот за заштита, кога знаете дека ќе бидете изложени на сонце подолг период. Што значи зборот “Ретинол“ ? Ретинолот е друг збор за чист Витамин Е. Ретинолот е познат како еден од најдобрите состојки кој го редуцираат создавањето на брчките. |