Македонија
    |         |         |    

Фејсбук страната на AVON со повеќе од 80.000 фанови

Официјалната ФБ страна на AVON, еден од најголемите козметички гиганти во светот, е Официјалната ФБ страна на AVON, еден од најголемите козметички гиганти во светот, е креативно катче каде што фановите на компанијата можат да ги споделат своите мислења и искуства, да се информираат и едуцираат за производите кои им се допаѓаат, но во истовреме и да ги дознаат најновите промоции, попусти од брошурите, хуманитарни акции, како и сите проекти на кои работи компанијата.

Амбициозната екипа која го води AVON во виртуелниот свет вели дека страницата на најпопуларната интернет друштвена мрежа во светот е направена со цел да се направи што поголема база на фанови во регионот, како и за регрутирање на нови претставници.

Бројот на членовите на Фејсбук страницата секојдневно се зголемува, па така денес брои повеќе од 80.000 фанови, кои редовно ги следат и коментираат сите новости.

Од компанијата велат дека се работи по строго определен план за Фејсбук активација, следејќи ги актуелните, социолошки и културни случувања во земјата, интересни секојдневни случки, но пред сè корпоративни и продуктни теми. Идејата на AVON е да влезе во ФБ секојдневието на секој корисник на оваа козметичка куќа, па затоа и понатаму ќе продолжат со континуираната работа на фан страницата и во иднина ќе продолжи со напорната работа и ќе ги збогатува содржините, со најмногу внимание на секојдневна комуникацијата со сите свои фанови.

Во глобални рамки пак, еден од најпопуларните веб портали во светот кој ги следи интернет технологиите и социјалните медиуми, Mashable, неодамна објави дека компанијата AVON е на второ место во светот по интеракција со своите фанови.