AVON и Борка со втора донација на средства за хигиена за 7 клинички болници во земјата
ВО УСЛОВИ НА COVID-19, ЗАШТИТАТА НА ПАЦИЕНТИТЕ СО РАК ПРИ ПОСЕТА НА ЦЕНТРИТЕ ЗА ТРЕТМАН НА БОЛЕСТА Е ОД ВРВЕН ПРИОРИТЕТ!
Во екот на пандемијата со COVID-19, AVON во соработка со Здружението за борба против рак “Борка – за секој нов ден” во период од 1ви до 15ти јуни, реализираа и втора донација, овојпат на гелови за суво миење и хигиена на рацете.

Донацијата од вкупно 2000 парчиња, односно 500 литри гелови суво миење и хигиена на рацете е дистрибуирана на 7 клинички центри во државата, каде се третираат пациенти болни од рак, на кои заштитата на здравјето е од врвен приоритет и тоа:
- Клиника за онкологија Скопје
- Клиника за торакална и васкуларна хирургија Скопје
- Клиника за хематологија Скопје
- Градска болница 8-ми Септември
- Клиничка болница Битола
- Клиничка болница Штип и
- Клиничка болница Тетово.
Уште на самиот почеток на пандемијата со COVID-19, во месец март, AVON и здружението “Борка” донираа 400 литри средства за лична хигиена на Инфективната клиника во Скопје, наменети за медицинскиот персонал и заболените пациенти со корона вирусот.
Остануваме посветени и одговорни кон нашето општество и средината во која живееме и работиме. Човечкиот живот нема цена, а во услови кога државата и граѓаните се соочуваат со сериозен здравствен предизвик кој носи и големи економски импликации, секоја помош од било каков вид е повеќе од потребна и секогаш добредојдена!