Сакаш да го промениш твојот живот, но не знаеш како? Ова е лесно со нас! Не ти е потребна никаква инвестиција – само време и желба. Стани Претставник на AVON и отсега сè ќе биде во твои раце. Знаеш дека секоја жена обожува привлечен кармин и квалитетна пудра, па сè што треба да направиш е да ѝ ги понудиш – таа веќе добро го познава AVON. Биди постојана – времето и напорната работа ќе се исплатат набргу во форма на нови можности за развој поврзани со поголем дополнителен приход.
Сподели со пријателите
Дамите сакаат да споделуваат едни со други! Покани ги твоите пријателки, разгледајте ја заедно Брошурата и инспирирај ги кога заедно ќе пробувате некои од производите на АVON. Раскажи им за сите можности, привилегии и понуди кои AVON може да им ги овозможи. Многу често твоите најдобри пријателки стануваат и твои најдобри потрошувачи, па зошто да не станат и Претставници?
Претстави ги производите
Покажи ги производите на AVON и опиши ги нивните предности. Советувај ги пријателите како да ги употребуваат за да постигнат максимален ефект. Прифати ја улогата на консултант за убавина и претстави им го светот на AVON. Раскажи им за брилијантните можности кои AVON ги нуди на сите Претставници.
Инспирирај
Како Претставник тебе ти е веќе позната стабилноста на компанијата, квалитетот на производите и широкиот избор на перспективи и можности кои ги нуди AVON. Инспирирај ги и другите околу тебе! Биди вистински лидер и модел за други Претставници. Охрабрувај ги да создаваат лојални потрошувачи и да ги зголемуваат личните порачки.