Македонија
    |         |         |    
Каролина Гочева, заштитно лице на AVON Македонија: Кога се работи со полно срце и љубов, резултатите се импресивни!

На наше огромно задоволство, соработката со нашата прекрасна и талентирана Каролина Гочева ќе продолжи и во 2017 година! Среќни сме што Каролина повторно ќе ја краси насловната страница на нашата Брошура во Кампања 13, но ќе биде и заштитно лице за еден нов прекрасен производ - маскарата Wide Awake.




По големиот успех со лансирањето на парфемот Avon Attraction и како заштитно лице на луксузната декоративна козметичка линија LUXE, AVON Македонија ја продолжува соработката со нашата најпопуларна поп ѕвезда Каролина Гочева.

Во сржта на работењето на AVON е заложбата на компанијата за убавината на жената и за нејзината финансиска независност, но и посветената работа во двете добротворни кампањи. Токму во овие аспекти и Каролина Гочева ја наоѓа својата инспирација.



А токму за впечатоците од досегашната соработка со AVON Македонија, Каролина ќе рече: " Ми претставува огромна чест што и оваа година, повторно ќе бидам дел од големото семејство на AVON Македонија. Во изминатите 12 месеци, имав прилика во неколку наврати да се дружам со вас и да бидам дел од вашите возбудливи конференции и дружења. Морам да признаам дека впечатоците се повеќе од прекрасни! Навистина сум инспирирана од начинот на кој функционира продажниот тим на AVON Македонија, преку среќата која ја гледам на нивните лица, широките насмевки и огромната духовна сила и убавина која ја поседува секој кој е дел од ова прекрасно семејство!

- Особено сум горда поради фактот што во годината кога AVON слави свој личен јубилеј - 130 години од постоењето, мене повторно ми се укажа честа да бидам на насловната страница од Брошура 13. А токму оваа насловна страница е посветена на сите вас, драги Претставници, затоа што вие сте инспирација за околината и вистински доказ дека со упорност, труд и пред сѐ, со огромна љубов и залагање може да се исполнат соништата! Воодушевена сум што повисоките цели на AVON, преточени во мотото Убавина со цел, всушност, извираат од секоја жена која барем за миг, ѕирнала во светот на AVON и имала можност да се запознае со начинот на работа на компанијата и со производите кои таа ги нуди.



Нашето дружење на страниците на AVON брошурите ќе продолжи и во 2017-та година, до крајот на третиот квартал, а јас ја добив таа чест да ви претставам уште еден нов, возбудлив производ, кој наскоро ќе стане дел од една широка и свежа палета на декоративна козметика. Моите впечатоци од втората фотосесија може да се опишат со неколку едноставни зборови: Убавина, Оптимизам, Талент, Етика, Одговорност, Доверба, Почит и Интегритет! Ви благодарам за прекрасното искуство и за привилегијата која ја добив да бидам дел од восхитувачкиот и инспиративен свет на AVON! "

Изминативе 130 години, многу ѕвезди и јавни личности беа и сè уште се заштитни лица на линиите на AVON. Меѓу нив се актерите Софија Вергара, Селма Хаек, Рис Витерспун, Кортни Кокс, Патрик Демпси, Жаклин Бисе, Мила Јововиќ, Оливија Вајлд, Меган Фокс, пејачката Ферги, супермоделите Амбер Валета, Јасмин Ле Бон, како и супер-моделот Ирина Шаик.