Македонија
    |         |         |    
BSP_carnival_tutorials

5 совети да се чувствуваш како Олимписки шампион – секој ден!

Сите сакаме да изгледаме шампионски и да се чувствуваме како Олимписки победник. Секој успех треба да ти даде крила и да те мотивира, исто како спортските шампиони. Тие се охрабрени од едноставни работи; научи што може да ти помогне! Инспирирај се!

 

1. Биди како пливач

Вдиши, фокусирај се, нурни длабоко и оди напред колку што можеш побрзо. Прецизност на движењата, дишење токму над површината на водата, целосна концентрација и тоа е тоа! Ова е вистинското расположение за разговор со шефот – презентирај ги своите идеи и победи. Малите работи, како на пример амајлија, некаков личен ритуал или разговор со пријателите и семејството, често ги охрабруваат спортистите. Ова ќе ти помогне исто така; верувај во сопствените вештини и имај самодоверба. Расположението можеш да го дополниш со совршено исцртани очи, на пример!

 

2. Добиј ја битката со времето, како спринтер

Секој ден е како трка со сопствените обврски. Како на тркачка патека, твоите ривали ти се зад петиците; ти не можеш да застанеш и да погледнеш наназад, иако понекогаш си без здив. А сепак, твоето тело е цврсто, подготвено за трката, твојата кожа сјае со својата исончана убавина. СТАРТ! Ти можеш да го сториш тоа! Дотерај ја шминката пред да заминеш на работа; нагласи ги контурите со бронзер, како да се подготвуваш за трка. Тоа ќе те разоноди, без сомнеж. Прослави на крајот – без оглед на кое место си, она што е важно е дека си успеала. Сега, заслужуваш малку одмор; опушти го телото и ослободи ги мислите со домашно СПА со парфимирана купка, гел за туширање и масажер.

 

3. Прецизна како тенисер

Прекрасните тенисери го привлекуваат вниманието на целиот свет. На тениските полиња тие се горди, фокусирани и екстемно прецизни, а во секојдневниот живот тие се модни икони. Биди како нив. Животот те става на предизвик, како тениските топчиња: сервирај, врати, и, одвреме-навреме, исфрли ги надвор од теренот! Ти имаш сила да се справиш со тоа. Наведни се, подготви се за следниот потег. Дополни го расположението со совршена шминка. Користи силни тонови на кармин кои во исто време ги хидрираат и им даваат сјај на твоите усни со часови! Ете!

 

4. Моќта на женственоста во уметничката гимнастика

Понекогаш се чувствуваш како уметник, другпат како каскадер кој балансира со животните акробации на тенка шипка? Успехот се мери во милиметри; соодветна положба на стапалата, сигурен фат, совршенство. Ти си силна, а сепак нежна – идеална женственост. Осигурај се дека тенот ти е совршено мазен – тоа ќе ти ја зголеми самодовербата. Младешкиот изглед и силата ти овозможуваат да го направиш дури и невозможното. А кога ќе бидеш подготвена и ќе застанеш на нозе, слушни ја публиката како те бодри!

 

5. Имај остро око на стрелец!

Секој ден нуди можности за прецизен погодок! Правилна насмевка во вистинско време, убав збор за оние кои копенат за тоа, одлична зделка, или добро искористена можност за промоција – треба да поседуваш трпение, капацитет и прецизност. Додај храброст и сила во твојот поглед. Користи сенка за очи. Избери нијанса која совршено ти одговара и биди подготвена за погодок!