Македонија
    |         |         |    
BSP_carnival_tutorials

Совети за нега на кожа

Дали сонуваш да заведеш со природна убавина? Сите го сакаме тоа! Еве 6 универзални совети како да бидеш убава секој ден. Спроведи ги во пракса!

1. Хидрирај ја кожата!

Хидратацијата е најважниот елемент во правилната нега на кожата. Дехидрираната кожа станува безлична, видливо уморна, подложна на иритации и предвремено старее. Ти тоа не го посакуваш, затоа обезбеди кремот за хидратација и млекото за тело да ти се секогаш при рака. Веднаш ќе забележиш колку тие помагаат во одржувањето на убавината! Кожата дехидрира многу побрзо во лето, таа што користи дури и посилна козметика. Пробај ја на пример ANEW ноќната маска за хидратација и регенерација на лицето и нанесувај ја трипати неделно за длабоко да ја регенерираш кожата.

2. Грижи се за младешкиот изглед на било која возраст!

Зацврстувањето, регенерацијата и намалувањето на брчките бара специјален третман и соодветни производи. Биди внимателна и прецизна. Разгали ја кожата не само со хидратантни кремови, туку исто така задоволи ги посебните потреби кои се појавуваат со тек на времето. Секогаш нанесувај заштита за сонце, бидејќи сонцето не е сојузник во битката за младешки изглед. Пробај ја Anew линијата кремови кои потхрануваат и обезбедуваат заштита од сонце во исто време. По навршени 45 години, регенерирај ја кожата уште поинтензивно, на пример со користење на креми со биоактивно злато, кое ја зацврстува кожата и го осветлува тенот. Таков е кремот Anew Ultimate Gold.

3. Исчисти и освежи!

Целокупната нега на лице е бескорисна, доколку не ја отстраниш шминката, дозволиш кожата да дише и да се одмори од употребата на тешката покривна козметика, која претставува товар за кожата. Тоникот за лице, нежната пена за миење или мицеларната вода се навистина неопходни! Ако сеуште не си ги пронашла омилените производи за чистење на кожата, пробај ја линијата NUTRA Effects.

 

4. Негувај се!

Заборави на комплексите. Уживај во она што го имаш и цени ја секоја педа од твоето тело. Ова е најдобриот начин да се чувствуваш убаво, младо и женствено. Радувај се на грижата за себе си со целото срце! Тоа време е само за тебе; дозволи им на твоите мисли да течат непречено, додека козметиката си ја врши својата работа. Втриј и масирај, а твојата кожа ќе ти возврати блескајќи со природна убавина. Ако не сакаш третмани за разубавување, избери го омилениот мирис на кремот за тело Avon Care.

5. Грижи се за својата женственост!

Беспрекорната појава бара сложени активности. Вежбај, јади балансирани оброци, избегнувај слатки и процесирана храна и секогаш користи одбрана козметика за соодветните потреби. На пример, анти-целулитниот серум ќе ти помогне во борбата со целулитот. Правилно негувај ги градите – тоа не значи само редовен медицински преглед за проверка на здравствената состојба, туку исто така, користи и производи за зацврстување и хидратација за нежната кожа.

 

6. Не ги заборавај рацете!

Кожата на рацете брзо старее, бидејќи е чувствителна на детергенти, климатизирани простории, мраз, сонце и физичка работа. Тие бараат посебна нега. Секогаш носи крем за раце со себе. Имај мостра од твојот омилен производ во канцеларија и користи го дома по секое миење на рацете. Не се откажувај од овој ритуал ниту кога одиш на одмор. Ќе ти биде од корист, а и не завзема многу простор!