Македонија
    |         |         |    
AVON Македонија официјален партнер за шминка на Модна недела Скопје


На 10-тото јубилејно издание на престижниот настан Fashion Weekend Skopje 2014/2015, AVON Македонија за прв пат беше официјален партнер за шминка на сите ревии на настанот.


Модната недела се одржа од 23-27 октомври на повеќе локации низ градот, каде 20-тина познати и реномирани модни дизајнери од земјата и регионот ги претставија своите најнови колекции за сезоната есен-зима 2014/15, а повеќе од 5.000 посетители присуствуваа на настанот.



Како ексклузивен спонзор за шминка позади сцената, AVON Македонија беше одговорна за обезедување на професионален тим на шминкери и целосен изглед на сите манекенки кои чекореа на пистите за време на 5-дневниот настан.



Тимот шминкери го предводеше познатата стилистка и актуелен советник за убавина и шминка на AVON Македонија – Васка Леонтиќ, која успеа да обезбеди високо професионален изглед за сите ревии, користејќи ги исклучиво производите на AVON.



За време на настанот бевме одлично позиционирани позади сцената со специјално дизајниран make-up corner, меѓутоа постигнавме да ја зголемиме видливоста на нашиот бренд и на уште две дополнителни локации на влезот од салата, каде беше изложено целото портфолио од нашите производи за шминка.



За ВИП гостите, медиумите и самите модни дизајнери беа обезбедени ексклузивни AVON подароци, додека за целото времетраење на настанот беше поделена и голема количина мостри за посетителите.



Ова е 5-то по ред учество на AVON Македонија на Модната недела Скопје, меѓутоа со ова прво ексклузивно партнерство со шминка веруваме дека успеавме да го позиционираме нашиот бренд помеѓу високо етаблираната публика и да покажеме дека производите на AVON можат да бидат употребувани и како професионална шминка, и тоа на најкомплексните настани.