Македонија
    |         |         |    
BSP_summer_dress_makeover

Божиќ, добредојде дома!

Влези во празнично расположение и искуси го најмагичното време од годината. Обиди се да ги употребиш нашите едноставни трикови за 3 базични елементи: светло, мирис и декорации, и трансформирај го твојот дом во уникатна зимска бајка која ќе направи празниците да траат подолго.

За топла, природна светлина свеќите се најдобра опција. Ги има во сите можно форми и големини, а она што е најважно, тие можат да шират и нежна прекрасна арома во домот. За Божиќно расположение обиди се да зачиниш со ванила, цимет или портокали. Покрај свеќите, обиди се да си поиграш и со светилките за елка. Осветли ги полиците и останатиот мебел, или пак закачи ги на ѕид со малку задушен ефект.

А кога се работи за божиќен мирис, нема ништо пооригинално од вистинско дрво. Свежиот боров мирис помага за релаксација по напорниот ден и убаво се меша со ароматичните свеќи. Доколку немаш доволно простор, можеш да земеш неколку гранчиња смрека и конуси и да направиш божиќен венец. Зелено, природно дрво е секогаш подобар, но и поодговорен избор.

Кога размислуваш за декорирањето, секогаш на памет паѓаат венци. Можеш да ги ставиш на ѕидови, прозорци или врати, а доколку имаш оџак исто така и околу него. Доколку немаш венци, можеш да користиш широки разнобојни ленти кои одговараат на твојот мебел, или пак одбери празнична класика – златно, црвено и зелено. За дополнителен празничен декор, покрај украсите за елка, можеш да користиш и навлаки за столици и шаршав за маса во новогодишен стил. Биди креативна!

Постојат милиони начини да го пречекаш празничниот дух во твојот дом, а најдоброто е во тоа што секој начин е одличен сè додека одговара на твојот стил и вкус. Создади твое зимско прибежиште и чекај ги празниците подготвена.