Македонија
    |         |         |    
BSP_winter_skin_care

Пролетен викенд – точно тоа што ти треба!

Охрабрени од времето, долгите денови и природата која конечно се буди и расцутува, решаваш да побегнеш на пролетен викенд надвор од градот. Што треба да понесеш со себе? Имаме неколку препораки.

Торба или ранец?

Започни со функционална и пространа викенд торба, каде ќе ги ставиш сите потребни работи. Пополни го целиот простор и сите ќошиња, искористи ги сите прегради, џебови со патент и мудро користи го багажниот простор. Запомни каде ги ставаш работите. Избери модел со ремен кој лесно може да се префрли преку рамо. Не те советуваме да земеш куферче со тркалца, затоа што може да биде голема препрека во случај да се најдеш на нерамен пат кој води до престојувалиштето или ако хотелот е лоциран на стрмен рид ...

Особено за кратки престои, но и за посетите на фитнес клубот, земи со себе добар ранец. Да, тоа е вест – ранците се повторно во тренд! Ти препорачуваме два интересни модели: Madisen модерниот ранец, во светли бои, елегантен, со модерно закопчување и странични џебови кои даваат особен изглед, и ранецот Shockwave, малку потемен, со декоративни додатоци и поспортски изглед.

Ако сакаш торба – избери универзална!

Ако преферираш да патуваш со торба, вложи пари во универзален модел кој ќе го носиш и на работа, на бизнис патувања или викенд. На пример, торбата Nautical во модерни нијанси на морнарско сина и црвена е корисна за оваа намена, бидејќи е направена од отпорен материјал, има функционални џебови и нитни за да ја обликуваат торбата согласно твоите потреби. Како дополнување со торбата, можеш да набавиш и комплет на соодветни алки. Удобност, гламур и тренди стил – сѐ во едно! Вакви убави додатоци се празник за очите за време на било кое патување.

Викенд облека

Дури и ако нормално преферираш женствена, елегантна облека, за викенд надвор од градот избери удобност, топлина и сигурност. Пред сѐ, избери сооодветни чевли кои ќе ти обезбедат да останеш на нога многу часови, за трчање, пешачење или дури и качување. Никогаш не носи тукушто купени чевли, бидејќи постои ризик од триење, плускавци и многу болка.

 

 

Спортски стил

Земи удобни панталони или спортски хеланки, маица или растеглива блуза. Дури ако помислата за спортска мода те прави да негодуваш со одвратност и сметаш дека ништо не е толку неженствено, те охрабруваме да ги провериш најновите спортски модни трендови. Тие се разнобојни, функционални и грациозни. Ако сакаш, спакувај универзална јакна во торбата. Не заборавај удобна блуза. Без оглед на врфемето, спакувај тенка шушкава јакна за да те заштити од ветер и дожд.

Вечерно излегување

Спакувај нешто соодветно за вечерно излегување, на пример, посета на ресторан, дури и ако не ти е во план. Никогаш не знаеш какви идеи ќе имаат твоите пријатели, или какво изненадување ти подготвува твојот партнер. Малиот црн фустан може да служи како облека за матине, бидејќи е лесен, малечок, не се тутка и одговара практично со сѐ.

Мини несесер

Ти нудиме три начини за “смалување” на твојот несесер:•    Понеси козметички мостри и чувај ги за вакви патувања. Собери мини производи кои ги добиваш од Avon претставниците, распрашај се кај ппродавачите, чувај бесплатни мостри на пример, од списанија. Тие завземаат малку простор и се добри за патување.•    Купи си мини козметика за патување, која е посебен комплет на твоите омилени производи, препорачливо во најмалите можни пакувања. Ова решение има посебна предност – нема потреба да го пакуваш и распакуваш тековниот несесер.•    Можеш да купиш комплет од мини амбалажа за да ставиш примероци од твоите омилени производи.

Каква козметика треба да земеш?

Настрана од стандардниот шампон, гел за туширање и балсам за тело, земи нешто што ќе ти овозможи да ја задржиш свежината дури и во најактивните денови. Рол-он деодорантите одлично ја вршат оваа улога, на пример Avon OnDuty, кој ја задржува свежината до 48 часа и е достапен во 5 овошни и цветни мириси. Се препорачува да имаш и мало шишенце со парфем за да мирисаш прекрасно, без оглед на условите. Мострите од парфем се соодветни за патување. Не ги заборавај овошните спрејови, тие се совршен начин да го оозвежиш својот изглед!

Шминка за патување

Дури и ако твоите викедни се чисто туристички и спортски, нагласи ја својата убавина со суптилна шминка. Ќе ти даде самодоверба! Пробај го на пример, ББ кремот од линијата NutraEffects, како варијанта на лесна пудра кој дополнително ја хидрира кожата. Го иизедначува тенот на кожата, ги сокрива несовршеностите и дава мат ефект на твоето лице.

 

 

Ако сакаш посилно прекривање, пробај ја пудрата Bright Star, која дава енергија, сјај и суптилно ја измазнува нерамната кожа. Најдобро е да ја пробаш новата козметика пред да тргнеш на пат, за да ја избереш онаа која не се вади толку брзо. Избери сетови кои нудат повеќе нијанси.Завршните потези треба да се направат со суптилно нагласени трепки – водоотпорна маскара, на пример Big&Daring е извонреден избор за викенд патување. Навиткај ги трепките и додади малку волумен со маскарата, за да станат повидливи. Избери производи со гел-крем формула и колаген.

Заштита од ветер и сонце

Нека не те залажуваат првите сончеви зраци – и тие предизвикуваат потемнување на кожата. Кога си подолго време надвор од дома, заштити го лицето со крема за сончање Avon Sun или избери крем кој нуди заштита од сонце. СПФ 10 или 15 е идеален за пролет; ќе посегнеш по посилна формула во текот на летото.Грижи се за усните, на пример со сјајот за усни Avon Absolute, достапен во 13 тренди нијанси; нуди заштита од ветер и сонце. Избери производи кои прекрасно ќе ги нагласат твоите усни и ќе додадат малку сјај, додека соврепно ги хидрираат. Најдобро е да избереш хранливи производи со витамин Е и Ц, како и со колаген и заштитен фактор СПФ 15.

 

Не заборавај на очилата! Тие ги заштитуваат очите, претставуваат одбрана од брчките и даваат гламур на твојот изглед.Што уште треба да спакуваш за твоето викенд патување надвор од градот? Одлично расположение, многу енергија и радост поради пролетта. Добра забава!