Македонија
    |         |         |    
BSP_wake_up_motivation

Разбуди ја мотивацијата

На крајот на годината сите сме ентузијастични и лесно ги правиме Новогодишните ветувања. Но, штом ќе започне Новата година, тие исчезнуваат толку лесно колку што и требало за да бидат направени. Ви звучи познато? Доколку ова е точно, крајно време е да ја разбудиш твојата мотивација.

Само направи го првиот чекор 

„За да успееш, треба најпрво да започнеш“ – Марк Твен. 

Толку е едноставно доколку сакаш да постигнеш нешто. Мораш да се движиш напред, да промениш нешто, да го направиш првиот чекор. Тоа може да биде барање на најблиската вежбална во твојата населба, менување на навиките за јадење, или дури и поедноставни работи како купување нова опрема и гардероба за вежбање. Пробај сè што мислиш дека ќе те доведе еден чекор поблизу до остварување на твојата цел.

Постави краткорочни цели

Некои работи едноставно не се случуваат преку ноќ. Доколку си нетрпелива личност, постави си краткорочни цели кои ќе те доведат до саканиот резултат. Доколку сакаш да учествуваш во маратон, почни со кратки тури низ твојата населба и полека зголемувај ја далечината. Доколку не можеш да направиш серија од 30 склекови, почни со 5 и секој ден зголемувај со по еден. Мерењето на краткорочните успеси ја поткренува самодовербата и ја подгрева мотивацјата. Доколку сакаш резултатите да ги видиш побрзо, можеш исто така да се обидеш и со производи за нега на тело кои ќе ти помогнат да ја постигнеш силуетата за која сонуваш

Најди го твојот спорт

Една од најчестите грешки кои ги правиме кога започнуваме со вежбање е тоа што ја одбираме погрешната дисциплина. Се разбира, понекогаш тоа не го ни знаеме сè додека не започнеме. Но, како и да е, добро е да си поставиме неколку прашања пред да почнеме со некој спорт, како на пример: дали преферирам да сум на отворено, или дома; дали сакам групни активности, или пак самостоен спорт? Одговорот на овие прашања ќе ти помогне да одличиш дали сакаш да започнеш со часови по фитнес, или пак да уживаш во домашната вежбална и да го искористиш максимумот од тренингот. Кога уживаш во твојот спорт резултатите доаѓаат побрзо и полесно е да се остане мотивиран.

 

Чувствувај поддршка

Понекогаш ни се чини дека другите луѓе повеќе веруваат во нас, отколку ние самите. Старите искуства, стресот и грижите можат да те попречат во остварувањето на твоите соништа. Фокусирај се на твоите силни страни, а твоите слабости третирај ги како предизвик, а не како бариери. Промени го мислењето во „Понекогаш победувам, а понекогаш само учам“, наместо „губам“. На овој начин ќе добиеш повеќе самодоверба при постигнување на целите. Прими ја поддршката која ја добиваш од пријателите и употреби ја како столб во градењето на довербата. Понекогаш можеш да сметаш и на некои детали кои ќе ти го поткренат расположението, како купување нова гардероба, комплет на вежбање или нов мирис кој ќе ти даде позитивна енергија и ќе ја поттикне твојата мотивација