Македонија
    |         |    
BSP_gifts

Топ 7 подароци за твојата мајка. Дознај каков подарок да одбереш за да ја направиш среќна!

Мајката е навистина посебна личност. Вреди да се мисли на неа и да се негува со љубов, љубезност и мали подароци не само за време на Денот на жената. Споделуваме идеи за најубави подароци за твојата мајка! 

  1. Парфем

Ова е прилично очигледен подарок: сите жени сакаат убави и квалитетни мириси. Меѓутоа, често се смета дека е тешко да се одбере вистинскиот мирис. При изборот на мирис за твојата мајка, размисли за нејзините преференции. Какви ароми и мириси и се допаѓаат? Какви шишиња од парфеми има во нејзиниот несесер? Кога купуваш нов парфем, мудро е да не одиш против нејзиниот вкус: ако ги обожава суптилните ноти, не избирај тешки вечерни мириси.

  1. Производи за нега на раце и стапала

Овие производи и се потребни на секоја жена, особено кога започнува летото. Ако твојата мајка често има проблеми со сувата кожа на рацете, одбери длабоко хидрирачки крем или маска за раце. Идеалниот комплет за подарок за нега на стапалата може да биде глинена маска со лаванда од колекцијата Foot Works и интензивен ноќен третман со витамин Е кој ја омекнува, измазнува и смирува кожата на нозете.

  1. Третман за лице против брчки

Времето не застанува за никого, а нашите мајки не се исклучоци. Затоа е добро да им се помогне да го забават процесот на стареење и да изберат соодветен третман.

Дневните и ноќни кремови од колекцијата Anew Platinum со дефинирачка Paxilium технологија што го поттикнува создавањето на колаген се идеалниот избор за дами на возраст 55+. Колекцијата Anew Reversalistсодржи измазнувачка технологија која помага во создавањето на еластин за младешка дефиниција на кожата за дами на возраст 35 +.

  1. SPA викенд

Ако одењето на SPA третман одзема премногу време, или едноставно е премногу скапо, не се грижи! Со нашите производи SPA викендот е возможен и во сопствената бања. Производите од колекцијата Planet Spa со арганово масло или екстракт од црн кавијар се фантастични! Додај масажер за лице и разладувачка маска за очи и малку слободно време за релаксација, а ефектот ќе биде неверојатен!

  1. Дијаманти

Нашата колекција нуди сребрени обетки, прстени и ѓердани со вистински дијаманти по многу достапни цени! Ваквите подароци се навистина совршени! Ако вистинските дијаманти се надвор од твојот дофат, не грижи се. Скапите подароци или скапоцените камења не се толку битни колку што се добрите намери, сеќавања и мали задоволства. На мајка ти одбери и гламурозни обетки, бразлетна или ѓердан со бисери, а таа сигурно ќе биде пресреќна!

  1. Чанта е секогаш добар избор

Не постои жена која ќе одбие чанта. Погледни ја нашата понуда и одбери ја онаа која најмногу ќе и одговара на твојата мајка. Не мора да биде извонредно практична - таа сигурно има една таква - доволно е ако е убава и пријатна за неа!

  1. Комплет за одмор

Крајот на Мај е совршено време да се размислува за летниот одмор. Ако твојата мајка одбројува денови до нејзиниот летен одмор купи и очила за сонце, колекција за нега на кожа со заштитен фактор, или цветна туника за нејзиниот одмор. Таквиот дар сигурно ќе биде корисен, и уште повеќе, ќе и го направи одморот уште поубав!