Македонија
    |         |         |    
BSP_skin_treasures

Очила за сонце - стилска заштита

Сите ги сакаме очилата за сонце! Тие не само што ги заштитуваат нашите очи од штетната радијација, туку исто така придонесуваат и во нашиот модерен изглед за време на топлата сезона. Со цела низа од модели кои се достапни на пазарот, понекогаш е тешко да се најде вистинскиот пар. Научи ги правилата кои ќе ти помогнат да ја направиш конечната одлука.

Најди го совршениот пар

Генералното правило вели секогаш да бараме модел кој најдобро ќе го баланцира обликот на нашето лице. Се разбира, секоја личност има уникатна форма на лицето, но за да можеме полесно да направиме избор, може да се категоризираат 4 основни облици: овален, округол, квадратен и триаголен.

1.

Овалното лице повеќе е долго отколку што е широко, најчесто со тесни образи и брада. Слично е со самата овална форма, но има долга вертикална линија.

Твојот пар: рамки со прекумерна големина за да ја избалнсираш формата на лицето и додадеш широчина.

Избегнувај: тесни, мали рамки

2.

Округлото лице се карактеризира со широко чело, полни образи и брада.

Твојот пар: За да го избалансираш ваквото лице, најдобар избор ќе бидат аголните очила за сонце.

Избегнувај: округли и тесни рамки.

3.

Квадратното лице има правилни црти, широко чело и поширока брада.

Твојот пар: одбери округли рамки кои ќе ги „омекнат“ острите црти.

Избегнувај: остри, геометриски рамки.

 

4.

Кога се работи за триаголно лице, поширокото чело и тесната брада се клучни да се избалансираат во долниот дел.

Твојот пар: рамки со мачкешки облик и округли.

Избегнувај: очила за сонце со рамки кои ќе направат горниот дел на лицето да изгледа уште пошироко.

Дознај сè за очилата за сонце

Додека ги следиш модите трендови, исто така те охрабруваме да се грижиш и за безбедносните стандарди. Биди внимателна да не ја помешаш нијансата на леќите со филтерот. Темните леќи не мора да значи и дека ги штитат твоите очи. Темноста на леќата се одредува со броеви од 1 до 4, со тоа што 4 е најтемната нијанса. Не сите нијанси на леќи можат да се носат во сите ситуации. На пример, нијанса број 4 не е препоралива за возачите бидејќи може да им го попречи видот. 

Значи, бојата на нијансата не штити од штетната радијација. Тоа го прави филтерот и се обележува со УВ. За да ги заштитиш твоите очи одбери филтер кој ќе те заштити од 99% до 100%, истовремено и од УВА и од УВБ зраците. УВ400 значи дека филтерот ги блокира сите зраци со бранова должина до 400 нанометри, што ги покрва сите УВА и УВБ зраци.