Македонија
    |         |         |    
BSP_summerhairalert

Летен аларм за косата

Летото е време за радост, но додека вие се забавувате, вашата коса трпи. Ви нудиме 6 совети како правилно да ја негувате косата во летниот период.

Бидете паметни на сонце

Ултравиолетовите зраци се штетни и за кожата и за косата. Преголема изложеност на сонце може да ја направи вашата коса сува, кршлива и бледа. Затоа, секогаш сетете се да ја покриете пред да го напуштите домот. Употребувајте шапки, марами, или пак чадор за да ја заштитите од штетните зраци.

Крај за расцветаните врвови

Сувата и кршлива коса може да доведе до расцветување на врвовите кои можат да се прошират и до самиот корен доколку не се третираат. Потстрижувањето не е секогаш одговорот бидејќи во повеќето случаи наместо да ги отстраните расцветаните врвови, само ќе го зголемите нивниот број и ќе ги направите крути. Затоа, неопходно е да ги третирате на правилен начин.

ДА за шеа!

Шеа путерот е природен балсам за коса. Се прави од дрвото Шеа-Карите со јаткасти плодови кое расте во тропските краишта на Источна и Западна Африка. Шеа путерот овозможува неверојатна хидратација и тој не останува на косата, туку се впива во неа, без притоа да ја направи масна. Сепак, на влакното му дава заштитен слој со што ја штити косата од топлината. Се верува и дека шеа путерот има мал, но неопходен заштитен фактор кој штити од ултравиолетовите зраци на сонцето. Овие карактеристики се особено важни за оштетените и обоени коси.

Спасете се од базените

Не е мит дека хлорот кој се лепи на косата остава зелен слој кој е штетен за нејзината боја. Ова не е проблем само на русокосите, иако слојот е позабележителен кај оние со посветла коса. Затоа не заборавајте да ја подготвите својата коса пред да одите на базен. Сувата коса како сунѓер ќе ја впие првата течност на која што ќе биде изложена, па затоа навлажнете ја косата со вода од чешма пред да нурнете. На овој начин хлорот помалку ќе се впие во косата. За дополнителна летна нега, на сува или влажна коса нанесете балсам кој не се плакне.

Опасност од влага

Употребувајте производи кои имаат хидрантни својства. Доколку косата ви е изложена на топлина, а притоа не употребувате производи кои ќе ја навлажнат, кога ќе излезете таа ќе ја впие сета надворешна влага. Најдобро е да користите третмани кои не се плакнат. Нанесувањето третман кој не се плакне на вашата коса пред да излезете на влага, ќе ги направи вашите прамени поцврсти, посјајни и отпорни на несаканата влага.

Моќта на кератинот

Откријте го кератинот, кој особено за време на летото може да ги реши повеќето проблеми на вашата коса. Тој е природниот зацврстувач на косата, така што кога го нанесувате тој веднаш започнува да делува. Кератинот го спречува кршењето и пресушувањето на косата, како и лесното заплеткување и расцветување. Ја прави мазна, ги третира расцветаните врвови и ја заштитува од високите температури. Апсолутно неопходна состојка за во лето.