Македонија
    |         |         |    
BSP_carnival_tutorials

Пролет во твојата коса

Зимата дефинитивно е најнепосакуваната сезона за твојата коса. Носењето капи, студениот воздух и престојот во загреани соби не се задоволителни услови. Негувај ја косата за таа да може да се регенерира. Научи како да го сториш тоа на најефективниот начин.

Почетокот на пролетта е време за покритична евалуација на нашата силуета и за воведување на планови за “умна диета и повеќе спорт” со цел да се ослободиме од вишокот килограми од зимата. Ширум ги отвораме гардероберите за да ги фрлиме џемперите и со огромно задоволство правиме малку место за прекрасните пролетни фустани. Ја потхрануваме уморната кожа и ја освежуваме со соодветна козметика. Обрнуваме особено внимание и на нашата коса која е впечатливо непослушна по зимата.

Детектирај и поправи

Прецизно провери што не е в ред со твојата коса и избери ја соодветната козметика. Ако косата е без сјај, сува и монотона, тоа најверојатно е последица на ненадејните температурни промени: мразот и на пример загреаната, вентилирана канцеларија, каде воздухот е особено сув и неповолен. Исто така, веројатно си го користела фенот повеќе од обично. Носењето капи го забрзува наталожувањето на себум и создавањето на статички електрицитет на главата.

Обнова на косата по зимата

Природните масла се спас за оштетената сува коса. Тие ја регенерираат структурата на влакното, го хранат однатре и се борат против статичкиот електрицитет и разлетувањето. По зимата, избери козметика која содржи масло од макадамија за да ја хидрира и зајакне косата и масло од камелија за да се спречи расцветувањето на врвовите, ќе даде сјај и ќе го спречи разлетувањето и статичкиот електрицитет. Бадемовото масло е корисно исто така, обезбедувајќи витамин A и E и да го олесни стајлингот. Маслото од грозје функционира на сличен начин, правејќи ја косата мазна, додека марулата дополнително ја потхранува и го хидрира скалпот.

Реагирај брзо и систематски. Избери производи кои ја комбинираат моќта на неколку масла одеднаш, како што е комплетот за обнова Advance Techniques Supreme Oils со скапоцени масла.

Во комплетот е вклучен шампон кој не ја суши косата, потхранувачки балсам и интензивна потхранувачка маска која ќе ја освежи дури и најоштетената коса. Но, навистина одличен производ е еликсир спрејот кој не само што хидрира, туку и длабински ја потхранува косата. Нанесувај го онолку често колку е потребно. Кога се нанесува на мокра коса, лесно се апсорбира и делува однатре штитејќи ја косата од несаканите дејства. Ако се нанесе на сува коса, обезбедува прекрасна мазност и ја подготвува косата за полесно обликување.

Брз спас за оштетената коса

Ако треба да се реагира брзо, избери производи кои содржат арганово масло. Тоа моментално ја хидрира косата и ја прави мека, сјајна и со здрав изглед. Таков производ е на пример потхранувачкиот третман со мароканско масло кој не се плакне Advance Techniques 360 Nourishment, дел од линијата на козметички препарати кои веднаш ја регенерираат косата – 93% од жените ја потврдиле нивната ефективност уште по првото користење*.

* засновано на 1-неделна анализа на потрошувачите #11-1558.

Зајакни ја косата однатре

На крајот, кога ќе направиш некаков ред со употребата на најдобрите и најконцентрираните препарати, направи чекор понапред. Силата на косата доаѓа однатре, од самиот организам. Осигурај се дека исхраната е богата со омега 3 киселини кои ги има во рибата и маслиновото масло и со протеини, чиј одличен извор претставува живината и млечните продукти. Но најпрво, со сигурност вклучи витамини и микроелементи во храната. Пропишаната доза на внес на железо ја зајакнува и зацрврстува косата. Железото е присутно во јајцата, црвеното месо, интегралните житарки и мешунките. Ако е можно, откажи се или намали го кафето и алкохолот – тие ја блокираат апсорпцијата на железо. Избери производи богати со витамин A, како морков и џигер, витамин E, масло од сончоглед и интегрални производи, и витамин C, кој е присутен во црната рибизла, јаболката и брокулата. Исто така, важен е и цинкот – го има во морската храна и јатките, селенот, кој го има во живината и црвеното месо, и биотинот, чиј богат извор се јајцата.

НАШ СОВЕТ: Ако имаш проблем со масна коса и чувствителен скалп, намали го внесот на прости шеќери, како слатките, бананите и грозјето. Пиј повеќе вода – дури до 2 литри дневно. На ваков начин, косата и кожата ќе бидат хидрирани.

Здравата коса потекнува од здрав корен

Обрни посебно внимание на коренот на косата – здравите корења се неопходни за прекрасна, сјајна коса. За поттикнување на коренот и стимулација на растот на косата, масирај го скалпот додека се чешлаш. Може да ја користиш четката за отплеткување на коса Tangle Teezer – не само што фино ја расчешлува косата без да ја оштети, туку исто така, го подобрува крвотокот на скалпот со што се забрзува растот на влакното.

НАШ СОВЕТ: Кога состојбата на твојата коса не се подобрува и ако забележиш дека губиш повеќе коса во однос на минатата пролет – не го игнорирај сигналот! Направи анализа на крвта. Зголемениот губиток на косата може да значи проблем со тироидната жлезда или пак, лоша исхрана. Може да станува збор и за анемија.

Големото потстрижување

Ако твојата коса е сериозно оштетена и со расцветани врвови, тоа е аргумент за нова фризура. Ако твојата коса е долга, обиди се да ги потстрижеш врвовите сама, иако е многу посигурно ако повикаш пријател или мајка ти за да ти помгнат. Можеш да ги користиш  Advance Techniques ножиците за коса достапни во две варијанти. Класичната варијанта е дизајнирана за рамно потстрижување и класично шишање. Ножиците за истенчување на косата, наречени берберски ножици, имаат рабови во вид на чешел, кој им овозможува да потстрижуваат само дел од косата од секоај страна.

Ако играњето со ножици не е твој домен, оди на фризер. Пред да ја довериш косата на професионалец, одвој време да размислиш за тоа каков ефект очекуваш? Ќе најдеш илјадници идеи на интернет. Каде да ги бараш? Провери ги социјалните мрежи како што се Pinterest или Instagram. Користи соодветни фрази за пребарување и хаштагови и секако дека ќе пронајдеш инспирација. Испечати ги избраните слики или покажи му ги на твојот фризер директно од твојот смартфон.

Боја! Боја! Боја!

Ако си сеуште жедна за промени, а твојата коса е веќе во добра форма, може да размислиш за нова боја. Во брошурата на Avon ќе ги пронајдеш боите за коса од линијата Advance Techniques со широка палета на нијанси. Започни со боењето со нанесување на производот за заштита кој ќе ги затвори кутикулите и ќе спречи оштетување на косата. По нанесувањето на бојата користи заштитен балсам, кој ќе ги задржи пигментите во внатрешноста на влакното обезбедувајќи долготрајна боја и сјај.

И? Дали си подготвена за пролетна револуција на твојата глава?