Македонија
    |         |         |    
BSP_winter_skin_care

Наполни се со енергија за новата сезона

По долгата, студена зима, нема поголем знак кој укажува на пролетта - од бојата. Тоа значи дека е време да се излезе од заспаноста на боите и да ја пуштиме пролетта во нашиот избор на гардероба и шминка на дневна основа! Малку боја во секојдневниот изглед е совршен начин да се подготвите за пролетта, дури и кога сте заглавени по цел ден на работа. Еве неколку трикови и совети.

Носи впечатлив кармин

Апсолутно најлесниот начин да додадеш малку во дневната рутина на шминкање е носењето на свеж, поинтензивен кармин! Можеш да експериментираш со било која боја. Црвени, розови, корални, виолетови нијанси – што поживо, тоа подобро! Пролетта е во знакот на свежи тонови. Земи ги предвид нијансите од детските лижавчиња кои даваат живост, без да изгледаш премногу нападно.

Унапреди го изгледот со впечатливи очи

Поиграј си со боите, со употреба на туш за очи во живи бои, кој ќе го нанесеш над трепките на горниот капак и со моливче во долниот дел долж окото. Овој трик може веднаш да ги истакне очите!

Загреј се

За убав и топол изглед на кожата, вклучи го бронзерот во твојата рутина на шминкање. Избери нежно-златни и бронзени бисери кои изгледаат природно и ненаметливо.

Освежи го својот стил

Освежувањето на изгледот не значи дека треба да излезеш на шопинг и да потрошиш многу пари за комплетно нова гардероба. Токму малите нешта може да направат разлика. Цветни принтови, свежи пастели или интензивни бои се секогаш одличен начин да се расположиш во духот на пролетта и да ја освежиш облеката. Од жолта чанта, до зелена марама или сини потпетици - сѐ е дозволено!

Расположи се со млечни пастели

Помисли на кремастите мат варијанти на најубавите бои на велигденските јајца – сина, зелена, виолетова, розова и жолта. За да ја пронајдеш најдобрата нијанса за себе, употреби лак за нокти кој ќе произведе најостар контраст со бојата на раката. Лилавите и бледо розовите нијанси одговараат на секој тип на кожа, додека жолтите и зелените нијанси подобро се комбинираат со маслинести и потемни тонови на кожа.

Овежи се

Одлични производи кои треба да се користат во текот на пролетните и летните месеци се спрејовите за хидратација на лицето и телото, кои може да се чуваат во чантата за да служат за освежување во текот на целиот ден. Лесното навлажнување на лицето помага во одржувањето на влажноста и исто така, помага во омекнувањето на кожата за таа да изгледа поеластично.

Пронајди го твојот нов мирис

Пролетта е на прагот! Цвеќињата наскоро ќе расцутат! Време е полека да ги спакуваш тешките, зачинети парфеми и да се нурнеш во нешто малку полесно: мирис на роза, праска и нешто вкусно! Во основа, секој цвет и овошје со сигурност ќе направи ти и луѓето околу тебе да ја почувствуваат новата сезона!