Македонија
    |         |         |    
BSP_skin_treasures

Богатствата на кожата

Потхранувањето е витално за здрава кожа, меѓутоа не е секогаш лесно да се одбере вистинската комбинација на состојки кои ни се потребни. Еве ја листата на оние кои ќе ѝ го дадат на кожата сè она што ѝ е потребно.

Омега 3, 6, 9 киселини

Омега-3 масните киселини потекнуваат од рибата и се неопходни за здрава кожа. Тие ја одржуваат кожата хидрирана, ја заштитуваат од сушење, од дамки и флеки и помагаат во нејзината обнова. Омега киселините го спречуваат лачењето на ензимите кои го уништуваат колагенот, штитејќи ја кожата од опуштање и појава на брчки кога таа е изложена на сонце.

Бадемово масло

Бадемовото масло се добива од суви бадеми, преку процес на исцедување. Содржи голема количина на витамини Е, А и Д, а исто така, богато е и со олеинска и линоленска киселина. Бадемите имаат природен начин да ја задржуваат влагата, а истото и го прават со влагата на кожата. Бадемовото масло исто така е докажано дека има и смирувачки ефект на луѓето кои се подложни на алергии и воспаленија, а неговата осветлувачка моќ помага во борбата против темните флеки на кожата, а витамините помагаат во одложувањето на појавата на брчки. 

Пантенол

Добиен од растенијата, пантенолот се добива од битаминот Б5, кој дополнително се нарекува и пантенолска киселина. Тој е природен навлажнувач, што го прави и одлична состојка за хидрирање на кожата. Има способност да продре во внатрешните слоеви на кожата и добро да се впие во клетките на кожата. Пантенолот исто така помага кожата да го одржи своето оптимално здравје и помага во лекувањето на ткивото. Дополнително, игра и значајна улога во метаболизмот на протеините, јаглехидратите и мастите, што резултира со поздрави клетки и поздраво ткиво. Исто така содржи и антимикропски карактеристики кои се неопходни во контролирање на ширењето на бактериите.

Сончогледово масло

Сончогледовото масло има балансирана и богата композиција од хранливи материи. Големата количина на витамин Е и масни киселини (во најголема мера Омега-6) го прават ова масло ефективно и за надворешна и за внатрешна употреба. Локалната употреба на сончогледово масло помага во заштита на кожата од идни надворешни влијанија и го ограничува губењето на влажност.

Витамин E

Општо познато е дека витаминот Е е добар за кожата, но многу луѓе не знаат за што точно се добри неговите хранливи вредности. Витаминот Е е силен антиоксидант кој се бори против штетата која ја причинуваат слободните радикали и дополнително ја заштитува и обновува кожата. Антиоксидантите се средства кои го неутрализираат оксидантскиот ефект на слободните радикали, кои всушност се молекули кои го оштетуваат колагенот и предизвикуваат сушење на кожата, тенки линии и брчки. Витаминот Е е моќно оружје против овие закани.

…И ДОБРИТЕ ВЕСТИ!

Новите ANEW Nutri-Advance креми од AVON во две различни формули (лесна и богата) се комбинација од најмоќните состојки кои совршено ја потхрануваат кожата, заштитувајќи ја од есента и зимата. Витамин Е, Омега 3, 6 и 9 масни киселини, сончогледово масло, пантенол и бадемово масло затворени во една тегличка која ќе ви помогне да ја заштитите кожата од суровото време.