Македонија
    |         |         |    
BSP_skin_treasures

Совршената шминка започнува со пудрата

Пудрата е првата фаза од секоја шминка и има огромно влијание на крајниот резултат. Нејзината намена е да ги порие сите несовршености на кожата, истовремено да изгледа невидливо и да придонесува да се чувствуваш убаво во текот на целиот ден. Дозволи ни да ти помогнеме да го направиш вистинскиот избор!

ТЕЧНИ И КАМЕНИ ПУДРИ

1. За смирена кожа

Течните пудри веројатно се најчесто употребуваните. Овозможуваат долготраен ефект и помагаат во покривање на несовршеностите. Дополнителните состојки кои се додаваат во формулата, како камилица и алое вера, помагаат во смирување и хидрирање на кожата.

Твојот избор: Течна пудра со смирувачки ефект – зависно од тоа дали сакаш повеќе кожата да ти биде сјајна или мат, одбери помеѓу сјаен или матирачки ефект од оваа пудра.

Како делува: Го смирува и освежува изгледот на уморната кожа која е под стрес со смирувачките алое вера и камилица и овозможува природен финиш без ефект на маска. Содржи витамини А и Е кои ја негуваат кожата и го израмнуваат нејзиниот тен.

 

Тип на кожа: од нормална до сува, чувствителна кожа

Покриеност: средна

2.   2. За долготраен ефект

     Доколку се подготвуваш за долг динамичен ден и немаш време да се погледнеш во огледало, наутро нанесувај долготрајна пудра. Ќе ти даде чувство на свежина и удобност во текот на целиот ден.

Твојот избор: Долготрајна течна пудра

Како делува: Ја хидрира кожата, додека истовремено ги впива маснотиите и несаканиот сјај. Comfort Wear комплексот ги обвива пигментите со заштитен слој, правејќи ги отпорни на надворешните фактори, така што шминката ќе биде како во моментот кога си ја нанела. Овозможува 18-часовна долготрајност* и заштитува со ЗФ 12.

 

Тип на кожа: нормална до сува кожа

Покриеност: средна до висока 

*базирано на 1-неделно испитување на корисниците 10-465 на 122 учесници.  

3.   3. За беспрекорна кожа

     Беспрекорна кожа е сон на многумина. Но, дури и ако имаш несовршености, можеш лесно да постигнеш беспрекорна кожа со помош на напредните технологии во формулите. Одбери ја нијансата на пудрата внимателно, со цел твојата кожа да изгледа што поприродно.

Твојот избор: Корективен крем за невидливо покривање

Како делува: Овозможува совршено невидлива шминка. Технологијата за невидливо мешање со тенот, со пигменти кои одговараат на кожата во повеќе големини и форми, природно ја омекнува светлината од секој агол, за совршено невидливо покривање. Овозможува заштита од сонце со ЗФ 15.

 

Тип на кожа: сите типови на кожа

Покриеност: средна до висока 

4.   4. За свежа кожа

По зимата на твојата кожа ѝ е потребна дополнителна енергија со витамини и природни состојки кои буквало ќе го освежат твојот изглед. Доколку сакаш твојата кожа да биде свежа во текот на целиот ден, но и да ја оживееш по студениот период, обди се со пудра со лесна текстура која ќе ја негува твојата кожа со витални состојки, правејќи ја блескава и со природна убавина.  

Твојот избор: Течна пудра за свеж изглед Bright Start

Како делува: Bright Start пудрата е полна со витамини и активни состојки, давајќи ѝ на уморната кожа свеж, блескав сјај и енергија. Цитронот со витамин Ц овозможува блескав и здрав тен, колагенот и еластинот ја подобруваат елстичноста на кожата, листот од маслинка овозможува антиоксидантска заштита и природните хидратори овозможуваат инстантно зголемување на хидратацијата за 57%*. Ја заштитува кожата од сонце со ЗФ 15.

 

Тип на кожа: за сите типови кожа

Покриеност: лесна до средна 

* 8-часовно клиничко испитување на хидратација KGL#5563 на 20 учеснички.

5.   5. За дискретен изглед

Доколку имаш навика често да го проверуваш изгледот, веројатно имаш мало огледалце во твојот несесер. А, доколку заедно со огледалцето имаш и камена пудра која со леснотија се справува со твоите несовршености, имаш сè што ти е потребно за да се чувствуваш совршено.

Твојот избор: Камена пудра за невидливо покривање

Како делува: Формулата овозможува природен изглед со беспрекорен финиш, помага во елиминирање на сјајот и ги сокрива недостатоците. Формулирана со технологија за невидливо мешање со тенот, природно ја омекнува светлината од секој агол, за совршена невидлива покриеност. Свиленкавата формула добро се меша со тенот на кожата и со тоа помага пудрата да трае подолго.

 

Тип на кожа: за сите типови кожа

Покриеност: полна

4.   КОРЕКТОРИ И КОРЕКТИВНИ КРЕМОВИ 

1. Нека биде брзо

Кога се брзаш, користи корективен крем за лице. Овој 2 во 1 крем не само што ќе ја хидрира твојата кожа, туку и ќе направи да изгледа беспрекорно благодарение на своите корективни пигменти кои го подобруваат тенот на кожата. Најдобар избор за оние кои се секогаш во движење

Твојот избор: Коретивен крем за невидливо покривање со ЗФ 20

Како делува: Ги прикрива недостатоците и дисколорациите, ја негува кожата и го подобрува нејзиниот тен. Овозможува 24-часовна заштита*. Лесна е, не остава ефект на маска и овозможува заштита од сонце со ЗФ 20. 

* базирано на 5-дневна евалуација на хидратацијата #13-364.

7.   2. Нека биде невидливо

Понекогаш потребно е да делуваш на „лице место“... буквално! Тогаш, најдобро е да користиш коректор кој ќе ја осветли твојата кожа и ќе направи несовршеностите да исчезнат. Битно е да одбереш производ кој истовремено и ќе ја негува твојата кожа.

 

Твојот избор: Компактна пудра за невидливо покривање

Како делува: Концентрираната компактна крем пудра ги камуфлира темните кругови и несовршеностите и ја хидрира и заштитува деликатната кожа околу очите, овозможувајќи природен изглед.

 3. Нека биде посветло

Доколку веќе си нанела пудра, но некои делови од кожата сè уште изгледаат тмурно или уморно, употреби коректор. Тој ќе ти дозволи прецизно да го истакнеш убавиот изглед на кожата на чувствителните делови.

Твојот избор: Течен коректор со смирувачки ефект

Како делува: Течната формула ги осветлува круговите под очите, ѝ дава на кожата сјаен изглед и обезбедува совршена покриеност. Апликаторот овозможува лесно и прецизно нанесување. Формулата содржи 3 витамини: А, Ц и Е кои се витални антиоксиданти и овозможуваат здрав изглед на кожата.

БИСЕРИ

9.   1. Нека биде сјајна

Во летниот период можно е пудрата да ја чувствуваш премногу тешка на твојата кожа. Како што сончевото време нè поканува да излеземе надвор, така кожата најчесто изгледа поздрава, пожива и блескава за време на оваа сезона. Можеш дополнително да го потенцираш овој ефект и со помош на бисери за лице. Неколку нанесувања и инстантно ќе имаш изглед бакнат од сонцето!

Одбери осветлувачки бисери доколку сакаш да ја осветлиш кожата и да ѝ додадеш сјај и да ги истакнеш цртите на лицето.

Одбери бронзени бисери со лесно-рефлектирачки пигменти кои заедно делуваат за моментален блескав сјај, кои ќе направат кожата да изгледа деликатно бронзена.