Македонија
    |         |         |    
BSP_skin_treasures

Уметноста во создавањето мириси

Да се создаде мирис е вистинска уметност која се развивала со векови. Возможни се бескрајни комбинаци со разните мириси кои постојат, но сите се засноваат на еден модел. Научи што стои позади архитектурата на мирисите. 

Мирисот кој го добиваме во луксузни шишенца е резултат на мешање различни состојки. Заедно тие создаваат нешто посебно и го одредуваат карактерот на мирисот. Изборот на ноти зборува за категоријата на мирисот, односно дали е таа цветна, овошна, ориентална и сл., и ни дава претстава за каква личност највеќе ќе одговара. 

Композицијата на ноти во парфемите никогаш не е коинциденција. Секоја нота има различно значење и специфична интеракција со останатите ноти. Нотите исто така евоцираат и одредена асоцијација; на пример деликатните ливчиња од роза асоцираат на романтично расположение, сензуалното кедрово дрво може да значи елеганција, сочниот портокал ја поттикнува енергијата итн. Сè започнува со инспирацијата, која пак најчесто доаѓа од природата, или пак од нешто апстрактно, како некое сеќавање, зајдисонце или емоција. Оваа инспирација потоа парфимеристите ја преточуваат во 3 главни акорди кои вклучуваат врвни, средни и основни ноти, при што секоја може да се почувствува во одреден период по нанесувањето.

Врвни ноти

Врвните ноти исто се нарекуваат и оти кои го отвораат мирисот, или пак главни ноти. Top Тие се најиспарливи од сите 3 типа, но се и први кои ги забележуваме и го оставаат првиот впечаток по кој одлучуваме дали парфемот ни се допаѓа или не. Во врвните ноти најчесто можеш да најдеш цитрон, лесни овошки и билки. 

 

Средни ноти

По извесно време, кога врвните ноти ќе испарат, можеш да ги почувствуваш средните ноти на мирисот кои ја создаваат срцевината на парфемот. Тие траат подолго од врвните и најчесто се добро искомбинирани. Во средните ноти можеш да пронајдеш овошни или цветн нијанси, понекогаш зачинети и со некоја ориентална арома. Многу често средните ноти се оние кои го класифицираат семејството на парфемот. 

 

Основни ноти

Последниот слој, длабоко во мирисот, го чинат основните ноти и тој е најтешкиот и најдолготрајниот од сите. Основните ноти се релаксираат во природата и имаат топла, шумска, животинска нијанса, како што се на пример сандаловото дрво, мошусот, ванилата, кедровото дрво и сл. Животинските нишки постојат со причина, и тие не се присутни само затоа што се добри фиксатори и прават парфемот да трае подолго, туку се и доста сензуални и заводливи. Меките шумски ноти ја обиколуваат целата арома со топла аура. 

Креацијата на мириси е уметност практицирана од експерти кои имаат исклучително сетило за мирис и офлакторна имагинација. Често се нарекуваат и „носеви“. Да се мешаат трите слоја, притоа секој од нив со уникатно одбрани ноти, може да создаде илјадници конфигурации и токму затоа оваа мајсторија и бесконечните комбинации се врвни тајни