Македонија
    |         |         |    
BSP_summer_dress_makeover

Мирисот како поттикнувач на емоција

Може да импресионира, да воодушеви, да провоцира, да биде засекогаш запаметен, да предизвика мигрена, да смирува или одвраќа, да возбудува или предизвикува одвратност, да изразува личен карактер или да биде комплетно промашување. Мирис... добро е да се одбере оној кој најдобро ќе одговара на тебе.

Што е мирисот?

Тој е информација. Кога мозокот регистрира нечиј мирис, тој ја декодира хемиската информација во врска со личноста, односно дали е жена, дали е млада, смирена, кој е нејзиниот тип. Мирисот може да открие дали е некој нервозен, дали е во брзање, или пак дали лаже. Со други зборови, мирисите ги пренесуваат емоциите. Тој е комплексна композиција која највеќе зависи од животниот стил, полот, возраста, начинот на исхрана и... парфемот.

Каква улога игра мирисот во твојот живот?

Во античките времиња, мирисите им помагале на луѓето да пронајдат храна, сексуален партнер или пак да идентификуваат опасност. Токму затоа мирисот понекогаш се нарекува и „смисла на животот“. Повеќето од нас препознаваат околу 10.000 различни мириси. Мирисите се зачувуваат во нашата долгорочна меморија и токму затоа тие поттикнуваат разни емоции. Многу од нив моментално евоцираат спомени од нашето детство, или пак од некој годишен одмор. На пример, која е првата асоцијација кога ќе помислиш на цимет? Веројатно Нова година и Божиќ. 

Дали имаме сопствен мирис?

Се разбира. Секој има свој уникатен мирис, како што има и отисок на прст. Најинтензивно мирисаме на пролет. Токму затоа оваа сезона најчесто е асоцијација на време за љубов, бидејќи луѓето меѓусебно се привлекуваат преку мирисот. Мирисот на саканата личност може да предизвика и физиолошка и психолошка реакција, правејќи срцето да чука побрзо.Дали мирисот лекува?

Да. Неговата моќ за лекување на умот и телото најчесто се користи во третманот наречен ароматерапија. Мирисите како што се жалфијата и сандаловото дрво се користат за релаксација. Најсмирувачките ноти вклучуваат: лаванда, роза, нане, смрека. Рузмаринот, лимонот, сарделата и грејпфрутот исто така делуваат како антидепресиви. Мирисите можат драматично да го променат расположението, да те енергизираат или пак да направат да се чувствуваш како дома.

Дали мирисите привлекуваат луѓе?

Луѓето меѓусебно се привлекуваат не само врз основа на изгледот, туку и врз основа на индивидуалниот мирис. Тоа се феромоните, кои се природни хемиски композиции кои се излачуваат од човековото тело и кои ја потхрануваат сексуалната комуникација. Добро искомбинираните парфеми можат да го поттикнат и засилат тој ефект.

 

Кои ноти нè прават попривлечни?

Дури и во античките времиња луѓето биле свесни дека некои есенцијални масла и билки делуваат како афродизијак, што значи дека имаат моќ да ја поттикнат и сексуалната желба. Тие се користеле низ времињата како парфеми за тело, еликсири за капење и лосиони за масажа. Помеѓу сензуалните мириси кои ја разгоруваат сексуалната желба се: килибар, пачули, мошус, кардамон, анасон, ветивер, каранфилче, сандалово дрво и масло од роза. Зачините се исто така одлични афродизијаци, а такви се: ѓумбир, цимет, ванила и кардамон, со тоа што ванилата е најсилната нота која ги привлекува мажите.

Кога се подготвуваш за состанок, како да направиш мирисот да трае?

Најефективниот метод е да се користи техниката за нанесување на мирис по слоеви, што подразбира нанесување на лосион за тело, дезодоранс и парфем кои ги делат истите ноти. Исто така нанеси парфем и на деловите на телото како што се вратот, внатрешноста на зглобовите и позади ушите. Кожата на различни делови од телото различно реагира со мирисот и делува различно, правејќи го да трае подолго. Некои од пулсните точки емитираат топлина, со што мирисот постепено испарува во воздухот во текот на денот, продолжувајќи го неговото траење.