Македонија
    |         |         |    
BSP_skin_treasures

Новогодишни подароци кои не можеш да ги погрешиш

Добиваш ли новогодишна треска дури и пред да започнат празниците? Доколку тоа е точно, немој да паничиш, седни релаксирано и разгледај ги нашите предлози за мајки, за мажи и за пријатели. Инспирирај се!

1.   За мајки

for moms

Нема побезбедна опција за мајката од парфем. Доколку немаш искусно сетило за мирис, одбери класична композиција на ноти. Одлична идеја е да додадеш и лосион за тело или гел за туширање со идентична арома на самиот парфем, со што мирисот ќе биде нанесен во повеќе слоеви и ќе трае подолго. 

Уште една безбедна идеја за подарок е накит. Доколку твојата мајка преферира класичен стил, одбери бисери. Доколку пак ја комбинира класиката со помодерен изглед, одбери накит кој не само што ќе биде забележителен, туку исто така и функционален, како на пример часовник во алка со стаклени камчиња. 

Како мало девојче, веројатно сакаше да ја чепкаш козметиката на твојата мајка. Сега имаш прилика да ѝ се оддолжиш со тоа што ќе ѝ подариш шминка со скапоцени состојки. Сенката за очи со екстракти од орхидеја овозможува полна и долготрајна боја, а маскарата со црни дијаманти ги покрива трепките во богата црна боја и дава волумен. И сè ова во розово златна опаковка во лимитирано издание. Мајка ти ќе го обожува!

2.   За мажи

men

Часовникот е еден од оние подароци со кои не можеш да погрешиш кога се работи за мажи. Одбери класичен изглед на часовник со црно ремче и златен бројченик. Тоа е практичен и безвременски избор кој одговара не само на елегантниот маж, туку и на поспортските типови.

Велат дека мажите никогаш не пораснуваат и изгледа дека тоа е вистина. Па така, доколку сакаш да го направиш среќно детето во него, можеш да одбереш разни додатоци. Тие не само што изгледаат забавно, туку се и многу практични: пенкало-штрафцигер, USB во форма на гума или преносен полнач. Направи го изборот!

Доколку твојот маж сепак повеќе го сака адреналинот од триковите, линијата Full Speed ќе биде одлична идеја за подарок за него. Гелот за туширање и спрејот за тело ќе направат мирисот да трае подолго, а практичниот несесер во кој се спакувани ќе му биде идеално практичен за на пат.

3.   За пријатели

 friend

На девојките никогаш не им се доволни производите за шминка, па така маскара и моливче за очи би биле одличен подарок за твојата најдобра другарка. Само тие два производи се доволни доколку не сака да носи нападна шминка, а сепак да изгледа неверојатно. Ќе се одушеви! 

Доколку твојата другарка повеќе преферира гламур, можеш да направиш да се чувствува како вистинска ѕвезда со елегантен парфем кој изобилува со свежина на сочна круша, богат цветен мирис од магнолија и топлина од килибар. Лосион за тело и гел за туширање со истата арома како и парфемот ќе направат мирисот да се нанесе во повеќе слоеви твојата другарка да ужива подолго. 

 

Вистинските пријатели имаат свои талисмани, а се разбира и свои спомени. Алка со првата буква од името на твојата другарка секогаш ќе ја потсетува на тебе и на најлудите моменти кои сте ги поминале заедно. А пак елегантните бисерни камчиња дополнително ќе го истакнат нејзиниот модерен изглед. 

4.   Дополнителни подароци  

extras

Лак за нокти со ѕвезден прав може да биде вистински предизвикувач на радост за оние кои сакаат да си играат со маникирот. Совршени се за новогодишниот период бидејќи светкавиот лак за нокти ќе изгледа неверојатно и под дискретната светлина од свеќи на празничната трпеза, но и на лудата забава за новогодишната ноќ. 

По лудиот и напоред период, нема ништо поубаво и посмирувачко од топла пенлива када. А, за да го задржиш празничниот дух и при капењето, пенливите гелови за туширање сега се ароматизирани со зачинета брусница и портокал и со зачинето јаболко. Шармантното шишенце во облик на Снешко ги прави овие купки и одличен подарок. 

Во ерата на интернетот сè помалку праќаме новогодишни картички по пошта на оние кои живеат подалеку. Добивањето картичка од секогаш го стоплувало срцето и тоа искуство не може да се замени со електронска пошта. Зошто не би ја вратиле оваа волшебна традиција? Особено што сега заедно со картичката можеш да прикачиш и мал подарок.

За уште повеќе идеи за подароци погледни во мини-брошурата на AVON и целосно уживај во празниците!