Македонија
    |         |         |    
BSP_Sharapova

Потоплата нијанса на златното

Бојата на луксузот има многу лица. Покрај жолтеникавите нијанси кои се совршено препознатливи, постои и онаа розово златна која има посуптилна нијанса и која отвори сосема ново поглавје во светот на накитот.

Розите се златни

Розово златната боја е голем тренд во накитот. Па така, доколку ти здодеа од безвременските сребрени и златни нијанси, ова е свежа алтернатива која можеш да ја примениш. Доколку сепак не сакаш да се откажеш од твојот омилен златен накит, не грижи се – розово златната совршено одговара и со бело и со жолто злато, а што е и поважно, одлично одговара и на секој тен на кожата.  

Модерен винтиџ

Розово златната не е сосема нов тренд. Оваа боја веќе беше популарна во Викторијанската ера. Во 20-тиот век се врати пред Втората светска војна, а дури и во 70-тите. Во денешно време е сè поприсутна. Розевкастата нијанса му дава на накитот малку винтиџ изглед, што го прави уникатен и модерен.

luxe eye

Боја која се носи 

Розово златната не е популарна само кај накитот; таа е одлична и за чевли, часовници, чанти и многу други модни додатоци како што се несесерите или пак футролите за мобилен телефон. Розово златната изгледа најдобро кога е искомбинирана со пастелни бои, но исто така може да се комбинира и со поживите.

Нијансите на љубовта

Лесно е да се вљубиш во оваа боја...буквално. Младите момци сè почесто бараат веренички прстени во оваа боја, а пак невестите дури одбираат и венчаници во златно розова нијанса. Розово златната е исто така одлична боја за декорирање на масата, па така често и се употребува во свадбените декорации. Розово златната го прави овој посебен ден навистина романтичен.

Engagement

Парфем Premiere Luxe Gold Blush

Се чини дека розово златната сепак не е резервирана само за накит и модни додатоци. Оваа боја е претставена и во светот на мирисите и беше инспирација за најновиот парфем на AVON - Premiere Luxe Gold Blush. Луксузен цветен букет кој заробува слатка арома на јасмин и златна орхидеја, збогатен со нежен мирис на роза, врз основа на богати пачули. Почувствувај ја есенцијата на златната роза.

Luxe Rose Gold