Македонија
    |         |         |    
BSP_motivation_boosters

Разубави се брзо во 6 лесни чекори!

Твоите пријатели тукушто ти се јавија дека доаѓаат на гости, а ти изгледаш како тукушто да си станала од спиење? Имаш непланиран состанок или средба? Одеднаш бизнис средбата се префрла на друго тренди место, а твојата дневна шминка изгледа дека не е доволна за да изгледаш како што треба? Ова се случаи каде треба да примениш брза акција за разубавување. Ќе ти кажеме што да направиш.

1. Оживеј ја косата

Косата ти е млитава и масна? Ако немаш време за миење и обликување, користи сув шампон. Тој ќе ја подигне косата од коренот и ќе ја освежи. Потоа, продолжи со брзо обликување со пена или спреј за обликување и готова си! Спрејот за исправување ќе ти помогне да ја скротиш немирната коса. Сите овие интервенции траат помалку од 3 минути, но драматично може да го сменат твојот стајлинг на косата!

2. Нагласи ги очите

Најчесто се фокусираме на очите, бидејќи тие се централниот дел од лицето. Ако веќе носиш маскара, додади сенка и построги линии. Специјалниот молив за очи со сунѓерче ќе обезбеди ултра брз задимен изглед на очите, додека посветлата нијанса на сенка на делот долж долните трепки секогаш го освежува впечатокот!

3. Освежи го тенот

Ако навистина си во гужва и нема шанси за соодветен мејкап, нежно допри ја кожата со осветлувачките бисери кои дополнително ќе го изедначат тенот. За брзо да ги скриеш несовршеностите на кожата, користи матирачка пудра во прав; доволен е само миг. Твоето лице ќе добие повеќе шарм и свежина ако користиш и руменило.

4. Освежи ги усните

Сјајот за усни е совршен за брза дневна шминка; додава суптилност, боја и сјај. Ако ти треба да ја корегираш шминката за вечерна прилика, секогаш избирај нагласен и долготраен кармин; тоа е трик кој секогаш функционира! Не си фан на интензивни црвени нијанси? Пробај малку посуптилни нијанси, но во 3Д варијанта, која оптички додава волумен на твоите усни.

5. Дотерај ги ноктите за секунда!

Ако навистина се брзаш и не си експерт во брз маникир, избери суптилни бои кои ги сокриваат техничките грешки, како на пример розови или пастелни тонови. Лесно можеш да ги корегираш грешките со прецизното пенкало за корегирање на лакот за нокти. За спонтани поголеми настани, можеш да го дополниш тековниот маникир со тридименсионалниот ефект на тантела. И со уште еден слој од лакот со текстура ќе направи твоите нокти да се истакнуваат!

6. Стави мирис како последен чекор!

Прекрасен, сензуален мирис е последниот чекор од твојата стилизација.Наш совет: ако веќе имаш парфем на себе, се исплати да се ослободиш од стариот мирис. Тоа можеш да го сториш со бришење на местата на кои е нанесен парфемот со влажен пешкир.Ако сакаш да се чувствуваш освежено и исполнето со енергија, избери цитрусни, морски и цветни ароми, како што е Perceive Dew. За изненаден состанок каде треба да блескаш и да освоиш, подобро е да нанесеш посилен мирис, како што е Rare Pearls или Little Black Dress. Добра идеја е да носиш мало пакување од мирисот во чантата за специјални пригоди.