Македонија
    |         |         |    
BSP_motivation_boosters

Оживеј го твојот изглед по зимата

Капите, ракавиците, шаловите настрана ... пролетта доаѓа! А, време е и одблизу да се види состојбата на лицето, рацете и косата. Колку и да се обидувавте да ги заштитите од студот во текот на зимата, тоа се најизложените делови од телото на ризични фактори и сега имаат потреба од специјален третман.

РЕВИТАЛИЗИРАЈ ГО ЛИЦЕТО

По зимата, кожата може да биде сува поради студот, ветровитото време и греењето во затворени простории. Прекумерно сувата кожа покажува знаци на грубост, се лупи, иритира и може да испука, правејќи го лицето непривлечно. Недостатокот од влага, за среќа, може да се надомести, но исто така, особено важно е да се задржи во слоевите на кожата за таа да остане добро хидрирана и еластична подолго време. Барајте маски за лице со природни состојки и моќни хранливи својства, како што е маслото од арган, богато со заситени масни киселини и витамин Е, длабоко хидратантното маслиново масло или ревитализирачкиот бел чај. Пред да се нанесе маската за лице, неопходно е кожата да се исчисти. Користете формули со пилинг кои нежно ќе ги отстранат мртвите клетки од кожата, ќе ја измазнат и ќе го истакнат сјајот на лицето.

ОЖИВЕЈ ЈА КОСАТА

Од една страна, носењето капа ја штити косата од суровите влијанија, но од друга страна, предизвикува нејзино кршење, кинење и електризирање. Исто како кожата, и косата ослабува во зима, а нејзината структура лесно може да се оштети. Ако регенераторот не ги дава саканите резултати, обидете се со овие две решенија:

•    Маската за коса е одличен начин за враќање на косата во рамнотежа. Помага во нејзино длабоко хидрирање и потхранување, правејќи ја посилна, помазна и полесна за одржување. По миењето и нанесувањето регенератор, аплицирајте ја маската рамномерно на косата додека таа е сеуште влажна и замотајте ја во пешкир. Оставете да делува 15 минути и потоа исплакнете. Изберете маски за коса со состојки богати со витамини, протеини или есенцијални масла: маслиново, кокосово масло, кавијар, млеко, јогурт, мед или авокадо. Осигурајте се дека имате некои од овие вкусни состојки во вашата маска за коса ако сакате да постигнете здрав изглед, цврста и регенерирана коса.

•    Третманот за коса кој не се плакне со концентрирани формули, е наменет за различните потреби на косата и дава моментален ефект. Веќе со само неколку капки може да направи косата да изгледа обоновено. Во зависност од типот на оштетување на косата, можете да користите третман кој содржи арганово масло за да ја потхраните и измазните косата, кератин да ја обновите нејзината структура и да ја заштитите од УВ зрачењата и греењето или свилени протеини за да го задржите оптималното ниво на хидратација на косата, со зголемена еластичност, мекост и свиленкаст сјај.

РАЗУБАВИ ГИ РАЦЕТЕ

Ракавиците никогаш нема да им дадат стопроцентна заштита на рацете од студеното време. Покрај тоа, ако сте љубител на ракавици без прсти, ќе мора да ги симнувате секогаш кога ќе сакате да испратите порака на мобилниот телефон. Кожата на дланките е тенка и лесно ја губи влагата, со што станува груба и подложна на иритации. Ако употребата на крем за раце е ваша дневна рутина - тоа е прекрасно! Мед, путер од кокос, шеа путер, арганово масло и глицерин се состојките кои треба да помогнат вашите раце да ја преживеат зимата. Дополнително, за регенерација во тек на ноќта, добро е да нанесете маска за раце со мешање на едно кафено лажиче маслиново масло и мед или со нанесување тенок слој од вашиот омилен крем за раце. Потоа, за подобра апсорпција, ставете ракавици за хиратација.

Не заборавете на грижата за ноктите и кутикулите кои, исто така, може да настрадаат во зима. Омекнете ги кутикулите со кремот за раце или користете понапреден третман, на пример крем за отстранување на заноктици и прецизно отстранете ги. Пред нанесувањето на пролетниот маникир, можеби ќе посакате да ги зајакнете ноктите со посебен третман. Но ако навистина не можете да чекате пред боењето, користете го како основа и завршен слој.