Македонија
    |         |         |    
BSP_carnival_tutorials

10 особини на идеалната врска. Дали сте супер - пар?

Обајцата имате лични силни и слаби точки, добри и лоши денови, но љубовта и меѓусебната поддршка прават сѐ да биде возможно. Идејата за такви совршени парови е инспирација за креацијата на новите парфеми Alpha за Него и за Неа. Обата мириси се надополнуваат еден со друг, исто како и вие. Провери ги особините на совршената врска и види дали и ти си дел од таква!

Софистицираниот машки мирис ја нагласува моќната личност и амбиција, додека женската арома совршено одговара на твојот стил и внатрешна сила. Задолжително пробај ги мирисите откако ќе го прочиташ овој текст. На крајот на краиштата, совршените двојки секогаш сакаат да си приредуваат убави изненадувања.

Еве ги карактеристиките на совршената двојка:

1. Уживате во заедничкото друштво

Секојдневниот заеднички живот не вѐ заморува. Имате многу идеи за заедничко поминување на времето, дури и ако сте многу години заедно. Имате многу теми за разговор, но и споделувањето на тишината не вѐ плаши. Покрај тоа, уживате кога сте заедно, без оглед дали чистите, шетате, готвите, или се дружите со пријателите.

2. Знаете како меѓусебно да се поддржувате

Свесни сте за соништата на партнерот и помагате тие да се остварат. Обострано ги поддржувате вашите кариери и ги развивате личните страсти. Ги споделувате, дури и ако не сте целосно убедени во нив. Се чувствувате сигурно покрај партнерот. Ги браните ставовите на партнерот, дури иако интимно истите може да ве иритираат.

3. Имате свои тајни

Според Роберт Стернберг, американски психолог, интимата е еден од трите фундаменти на љубовта. За многу луѓе интимноста значи сексуална блискост, но всушност таа е многу подлабока од тоа. Таа се состои од тајни, но и одлуки, споделени ситуации, ритуали. Таа е оската на сигурноста и довербата. Негувајте ја!

4. Знаете како да пронајдете решенија на конфликтите

Понекогаш се расправате за непотребни работи и тоа завршува со кавга. Сепак, наспроти емоциите, вие го наоѓате патот да комуницирате за тоа што ве повредува. Наместо да напаѓате и критикувате, вие сте способни да дебатирате за своите мислења и да ги искажете своите чувства. Се познавате доволно добро за да знаете што не е вредно за кавга. Секогаш барате начин за помирување.

5. Работите на себе

Врските треба да се учат – преку искажување на сопствените очекувања, навики и однесувања во одредени ситуации. Ова бара постојана работа, многу разговори и огромна искреност, што не е баш едноставна работа да се постигне. Се учите меѓусебно и го прифаќате саканиот секогаш со грижлива љубопитност и отвореност.

6. Вие споделувате страсти

Интереси, ритуали, луѓе и места – настрана од личните страсти, вие некои и ги споделувате. Ова ви дава шанса да изградите навистина прекрасна врска, бидејќи взаемната фасцинација врзува многу силно. Тоа не мора да бидат егзотични патувања или екстремни спортови – тоа е споделена љубов за филм, возење со велосипед, градинарство или социјален живот. Бидете посветени!

7. Си дозволувате лична слобода

Дури и најсовршените двојки имаат потреба да се оттгрнат од заедништвото, да си недостигаат еден на друг и да го променат опкружувањето. Разговорот со другарките, или планинарење со другарите може да биде добар трик. Меѓусебно си дозволувате лична слобода и препуштате другата половина да чекори сама, без притисоци, сомнежи или забрани. По времето поминато одвоени, радоста од повторното сплотување има дејство на огромна доза на позитивна енергија.

8. Лојални сте

Лојалноста не е само сексуална или емоционална верност, иако овие квалитети несомнено претставуваат основа за доверба. Да се биде лојален значи да се биде доверлив, искрен, супортивен, да се делува за доброто на другиот и за врската воопшто. Тоа е грижа за партнерот наспроти уморот или моменталните конфликти, што го зајакнува чувството дека можете да се потпрете еден на друг.

9. Вие ги привлекувате и ги инспирирате останатите

Луѓето сакаат да се дружат со парови кои си одговараат, бидејќи ништо не привлекува повеќе од љубовта, среќата и животната енергија. Ако вашето семејство, пријатели и познаници сакаат да поминуваат време со вас двајца, сметајте го тоа за комплимент. Ако имате жива, полна куќа, а вашите најблиски ги почитуваат вашите совети за љубовта, навистина може да се гордеете со себе.

10. Се усреќувате еден со друг

Љубов, радост, стабилност и благодарност за заеднички поминатото време – тоа е вашата среќа која вѐ тера да си дојдете дома и да потонете во прегратката на партнерот со огромно задоволство. Дури иако се расправате понекогаш, вие едноставно знаете дека личноста покрај вас е вашата идеална половина!

Па, каква е вашата врска?

Провери веднаш со нашиот квиз!