Македонија
    |         |         |    
BSP_naturetreasures

Природни богатства за вашата коса

Природата е најголемата инспирација за модерната козметика. Запознајте ги природните богатства и дознајте кои се најдбори за вас...

Бадем

Бадемите се богат извор на витамин Д и магнезиум. Недостатокот на магнезиум во телото може да доведе до опаѓање на косата. Бадемово масло во вашите секојдневни третмани за коса ќе помогне во хидрирање на скалпот, подобрување на квалитетот на косата и намалување на опаѓањето.

 

Авокадо

Маслото од авокадо, со својата јаткаста арома, прави чуда за вашата коса. Овие придобивки биле откриени уште во стариот Египет. Авокадото додава сјај и мазност на косата, а истовремено го спречува опаѓањето и помага во нејзиното растење.

Камилица

Камилицата има многу да понуди за негата на коса. Доколку имате руса коса, а саката да ја направите уште посветла, едноставно мијте ја со обичен чај од камилица. Доколку пак не се чувствувате удобно во ова, користењето шампон и балсам со екстракти од камилица ќе има голем ефект за вашата боја, како и во елиминирањето и спречувањето на појавата на првут. Дополнително, камилицата исто така го смирува иритираниот скалп.

 

Алое

Ова волшебно растение содржи ензими кои директно помагаат во здравиот раст на косата. Неговите алкални својства помагаат во неутрализирање на pH вредноста на скалпот и косата, што резултира со полесно растење на косата и враќање на нејзината влажност.

 

Кајсија

Маслото од кајсија е богато со олеински и иолеински киселини кои можат да направат чуда за вашата коса. Високото ниво на витамини А и Е помагаат во поголема хидратација и нега на косата. Исто така го поттикнува и здравиот раст и го спречува опаѓањето. Витамините во комбинација со масните килесини делуваат како природна заштита од слободните радикали

 

Шеа

Шеа путерот е природен балсам за коса. Се користел со векови за смирување на сувиот и иритиран скалп или пак за превенција од првут. Исто така претставува и одличен извор на влажност за сувата и оштетена коса. Шеа путерот всушност не останува на косата; тој се впива во неа без да ја направи масна. Благодарение на ова, тој ја заштитува од топлината и останатите штетни надворешни влијанија.

 

Коприва

Употребата на коприва со цел да се спречи опаѓањето и да се поттикне повторниот раст е познат стар метод кој често се применувал и од нашите баби. Благодарение на нејзините негувачки состојки, како што е витаминот Ц, се верува дека копривата ја подобрува состојбата на косата, овозможувајќи повеќе витамини и минерали на нејзините фоликули, со што ја прави косата посилна и поздрава.

Лопушник

Се употребувал со векови во многу различни култури како средство за побрз раст на косата. Модерните истражувања покажуваат дека екстрактите од лопушник се богати со фитостероли и есенцијални масни киселини, односно хранливите материи кои се потребни за да се одржи скалпот здрав и да се поттикне здравиот природен раст на косата. Овозможува моментален олеснувачки ефект и на здрав и нутритивен начин ги поттикнува нормалните функции на лојните жлезди и фоликулите на косата.

Црна репка

Редовната употреба на екстракти од црна репка ја подобрува свежината и бојата на косата. Претставува добар извор на бакар, кој пак помага во формирањето на меланин. Меланинот е пигмент кој ја овозможува бојата на вашата коса. Исто така, црната репка е богата и со а антиоксиданти како витамините Ц и Е, бета-каротен, лутеин и зиаксантин, кои помагаат во одржување на косата здрава.

Кедар

Маслото од кедрово дрво е познато по своите големи терапевтски својства. Помага во намалување на опаѓањето на косата, првутот и прераното обелување. Исто така и го смирува скалпот, а помага и во борбата со габите. Го регулира и лачењето на лојните жлезди, со што претставува голема придобивка за оние со масен скалп.