Македонија
    |         |         |    
BSP_megaeffectsmakeup

Шминка за мега ефект - трикови за „мачкини очи“

Не можете целосно да го совладате просецот за исцртување на „мачкини очи“? Ние ќе ви покажеме како тоа да го правите совршено. Треба само да го одберете ефектот кој сакате да го постигнете.

Геометриски

• Употребете го Тушот за очи за мега ефект и со потесната страна исцртајте по должината на горниот очен капак, над трепките

• Одете малку над окото во правец на веѓата

• Нацртајте ја горната линија. Едноставно следете го природниот облик на окото и застанете на половина пат. Сега само задебелете ја линијата со подебелата страна од Тушот за очи за мега ефект

Полн ефект

• Употребете го Тушот за очи за мега ефект и со подебелата страна исцртајте до крајот на очниот капак

• Додека го правите тоа, завртете го тушот за очи за линијата да стане уште поширока. Кога ќе стигнете до крајот на окото, повторно завртете го тушот од потенката страна

• Нацртајте го закосениот дел со потенката страна и продолжете по целата долна линија на очниот капак

Нежен

• Употребете го Тушот за очи за мега ефект и со подебелата страна исцртајте до крајот на очниот капак

• Додека го правите тоа, завртете го тушот за очи за линијата да стане уште поширока. Кога ќе стигнете до крајот на окото, повторно завртете го тушот од потенката страна

• Нацртајте го закосениот дел со потенката страна и продолжете уште неколку милиметри по должина на долниот очен капак. Не одете до крај за да постигнете понежен ефект

Волуменозен

• Дајте им на трепките екстра волумен во Маскарата за мега ефект. Отворете го капачето, нежно притиснете го црниот дел и извлечете ја четкичката

• Панорамсаката четкичка рамномерно ќе го распореди волуменот по должината на трепките, едноставно нанесувајте кон врвовите