Македонија
    |         |         |    
BSP_skin_treasures

Најжешките трендови во маникирот

Доколку бараш начини како да го направиш твојот маникир навистина да се издвојува, ти си на вистинското место. Ќе ти покажеме неколку едноставни трикови кои ќе постигнат ГОЛЕМ ефект во само 5 чекори. Следи ги нашите туторијали и инспирирај се!

Мат панделка

1. На сите нокти нанеси го лакот со гел ефект од нијансата Limoncello. Нанеси два слоја и почекај да се исуши.

2. Земи леплива трака, превиткај ја на половина и пресечи ја во триаголна форма.

3. Одвиткај ја лентата и залепи ја на одбраниот нокт.

4. Земи го Мат лакот за нокти Matte Black и обој го делот кој е отсечен од лентата.

5. Отстрани ја лентата од ноктот и твојот маникир е готов!

Остри совети

1. Излакирај ги ноктите со лакот Sheer Bronze pearl shine.

2. Залепи тенки ленти на ноктот, така што ќе формираш акутни агли, еден под друг.

3. Покриј го надворешниот простор од подолгите линии со лакот со гел ефект Siberia, а внатрешноста на малиот триаголник со Red Velvet.

4. Не се грижи доколку случајно ги обоиш линиите. Почекај лакот да се исуши.

5. Деликатно отстрани ги лентите и нанеси горен слој.

Овој маникир можеш да го направиш на сите нокти или пак на еден, лакирајќи ги останатите во едноставна боја.

Светкав мозаик

 

1. Залепи 5 тенки ленти на ноктот од претпоследниот прст, така што сите ќе се сечат на страницата од врвот од ноктот.

2. Излакирај ги празнините со Кристалните лакови за нокти: Topaz, Agate, Pearl, Diamond, а потоа Sterling и Glimmer од Лакот за нокти со гел ефект.

3. Отстрани ги линиите.

4. Повтори ги чекорите 1-3 на палецот.

5. Обој ги останатите нокти со Лакот со гел ефект Marine Blue.

Хартиен принт

1. Нанеси го Лакот со гел ефект Iceberg White на сите нокти. Нанеси два слоја и почекај да се исуши.

2. Земи отсечоци од весник или списание и притисни ги убаво на ноктот.

3. Земи памукче натопено во алкохол и притисни го врз ноктот.

4. Отстрани ја хартијата.

5. Заврши го маникирот со нанесување на Мат завршен слој за нокти.

Трибојни облаци

 

1. Нанеси два слоја од Лакот за нокти со гел финиш Creme Brulee.

2. Нанеси линии од Лакот за нокти со гел ефект Royal Vendetta така што ќе се намалуваат, од нависока до најниска.

3. Следи ја истата шема со Лакот за нокти со гел ефект Iceberg White, кој ќе го нанесеш врз слојот Royal Vendetta и ќе го направиш понзок. 

4. Повтори го истото со Лакот за нокти со гел ефект Orange Crush, правејќи ја шеата уште пониска од претходната.

5. Повтори на сите нокти.