Македонија
    |         |         |    
BSP_winter_skin_care

Шминка инспирирана од мириси

Изборот на мирис зборува многу за твојата личност. Дозволи шминката да ја искаже, исто така! Инспирирај се од твојот омилен парфем и комбинирај ја шминката со твојот стил.

Сензуална

Мирисна инспирација: Little Lace Dress EDP

Дефинитивно женска композиција, која потсетува на рачно изработената чипка. Се отвора со своите примамливи ноти на црна рибизла и сицилијанска мандарина. Срцевината отчукува со интензивните ноти на мистериозни цевтови – црн ирис и ноќен јасмин. Крајната нота допира длабоко сѐ до акордот на пачули.

Твојата шминка: направи ја шминката нежна и романтична. Два потега со руменило (на пример бронзерот во стик Blushing Coral) и задимен изглед на очите ќе ја нагласат твојата мистична природа. Користи маскара за издолжување на трепките (на пример маскарата Avon Infinitize), за да им даде на трепките воздушеста леснотија. Додади сјај за усни (на пример 3Д испакнувачкиот сјај за усни Nude) во светло розова нијанса.

Опуштена

Мирисна инспирација: Little Black Dress Eau Fraiche EDP

Женствена класика во студено издание која освојува со примамливата свежина на сочниот цитрон, суптилноста на розовите цветови и топлината на мошусната есенција.

Твојата шминка: Мешај ги студените тонови со летната топлина. Креирај изглед заплиснат од сончевите зраци со помош на осветлувач (на пример со осветлувачките бисери за лице или светкавиот прав) и дај им на очите допир од свежа боја (на пример со прецизниот туш за очи Superextend Teal или четирибојните сенки за очи Sun Washed Bloom. За летната шминка ќе ти треба и водоотпорна маскара (пробај ја водоотпорната маскара Superextend Extreme).

Смела

Мирисна инспирација: Little Red Dress EDP

Овој ориентално-овошен мирис ти дава мотив за да ја искажеш твојата цврста и страсна страна. Се отвора со распрснување на неодоливиот овошен нектар кој отвора пат кон софистицираното трио на цветен раскош и завршува со топли, кремасти дрвја и мошус.

Твојата шминка: Дефинирај ја твојата силна личност со црвен кармин (на пр. 3Д испакнувачкиот кармин Power Trip). Исчешлај ги трепките со маскарата за волумен (на пр. маскарата за волумен Big&False) и креирај магнетски поглед со нагласен црн туш за очи (на пр. туш за очи со мега ефект). Исто така, можеш да користиш долготрајна крем-сенка за очи со металик ефект (на пр. долготрајна крем-сенка за очи Totally Taupe). За дополнително изострување на изгледот, обликувај ги и веѓите  (со моливче за дефинирање на веѓите).

Елегантна

Мирисна инспирација: Little Black Dress EDP

Безвременска, секогаш во тренд цветно-ориентална комбинација од циклама,гарденија и иланг-иланг ноти, со длабочиа полна со слатки акорди од млечно дрво, слива и мошус. За жена која го цени вечниот шарм на класиката.

Твојата шминка: Стилот на шминката нека биде класичен и едноставен. Нанеси мат пудра (на пр. Ideal Flawless Nude Matte) и дефинирај ги твоите очи со црн молив за очи и маскара за поголем волумен (на пр. молив за очи Blackest Black и маскара Big&Multiplied) и остави твојата внатрешна убавина да продре на површина. Комплетирај го изгледот со мат кармин со боја на кожа (на пр. True Color Perfectly Nude мат кармин).