Македонија
    |         |         |    
BSP_summer_dress_makeover

Задржи го летниот тен подолго

Одморот штотуку ти заврши и се врати на работа? Не грижи се. Со нашите совети ќе го продолжиш расположението од одморот и ќе го задржиш летниот сјај подолго.

 

Блесни со златна кожа

Можеш да уживаш подолго во кожата бакната од сонце, доколку ја негуваш на вистинскиот начин. Покрај тоа што сонцето ја потемнува кожата, тоа исто така и ја изморува и затоа потребно е да биде регенерирана. За сувата кожата од сонце добри се производи кои содржат богати формули со шеа путер или путер од какао, со алое или растителни масла. Овие длабоко хидрирачки состојки ќе го задржат оптималното ниво на хидратација подолг период, правејќи ја кожата поздрава и со поголем сјај. Златна нијанса на тен е она кон што треба да целиш кога се сончаш. Изгледа поприродно и здраво. Потенцирај ја со светкав лосион за тело за да направиш кожата да изгледа сјајна, помазна и посвежа. За да го одржиш телото во форма, обиди се со формули кои истовремено имаат и зацврстувачки и хидрирачки карактеристики и кои содржат витамини за здрав и младешки изглед на кожата. Исто така можеш да користиш и нијансиран хидрирачки крем за лице за кожата да ти изгледа поблескаво.

Врати го блескавиот сјај

Не го покривај лицето со тешки пудри, особено кога е исончано. Истакни го природниот сјај и потенцирај ги контурите со бронзер, руменило или осветлувач за кожа. Доколку сепак не можеш без пудра, одбери лесен ББ или корективен крем кој ќе ги покрие несовршеностите на кожата, ќе го израмни тенот и ќе ја негува кожата, а притоа нема целосно да ја покрие здравата нијанса на твојата кожа која ја доби на одморот. Кога нанесуваш шминка за на работа, одбери златни нијанси кои добро ќе се помешаат со твојот тен бакнат од сонцето. Исто така можеш да си играш и со разнобојни моливчиња за очи за да го потенцираш тенот, но и природната боја на окото. Кога одбираш кармин, барај го оној кој истовремено ќе ги заштити твоите усни и ќе ги негува по изложувањето на сонце. Хидрирачките формули во карминот ќе ти помогнат усните да бидат пополни, помазни и помеки. Доколку немаш таков, пред нанесувањето на кармин можеш да нанесеш балсам за усни.

Оживеј ја косата

Косата во текот на летото често знае да биде слаба, заплеткана, кршлива и со суви врвови. За да направиш повторно прекрасно да сјае, нанесувај негувачки третмани кои содржат витамин Е, провитамин Б или пак барај производи со растителни масла. За да ја оживееш косата и да го постигнеш нејзиниот најдобар изглед наутро, нанеси маска за коса со длабоко хидрирачки состојки како маслиново масло или кавијар кои ќе ја измазнат косата, ќе ја направат помека и полесна за обликување. На дневна база користи балсам кој ќе ја одржува косата мека и мазна. За луксузен сјај на косата обиди се со ББ линијата за нега на коса за инстантни резултати и лесно стилизирање.

Блесни на работа

За да го истакнеш твојот тен на работа, носи облека во контрастни, но еднобојни бои, како темно сина, бела, кремава или портокалова. Одржувај го твојот изглед едноставен и елегантен бидејќи твојата блескава кожа и прекрасна коса ќе направат да бидеш во полн сјај. Доколку не ја сакаш еднобојната облека, користи шарени модни додатоци, како чанти или марами. Комплетирај го изгледот со накит во златни или розово златни нијанси кои совршено го истакнуваат тенот. Златниот накит исто така е неопходен и за есен, така што ќе ти дозволи да направиш лесна транзиција кон новата сезона.

Чувствувај се исконски

Тенот и одморниот изглед се првите знаци за добро поминат одмор кои ги забележуваат колегите. Но, овој сјај не се должи само на твојот изглед, туку и на твоето однесување. Па зошто да не го засилиш овој впечаток со добар мирис? Одбери онаков кој највеќе ќе одговара на твојот карактер и ќе ти дозволи да ја потенцираш твојата самодоверба. Мирис со топли, дрвени мошус, медени ноти, или пак црвени овошки, ќе распрскаат удобна аура од раната есен. А кога и да сакаш да ги вратиш летните спомени, напрскај го телото со овошни или цветни ноти.