Македонија
    |         |         |    
BSP_iconsofparisianstyle

7-те најголеми модни икони на Париз

Француски модни икони има во огромен број, но ние ги одбравме оние магични 7 кои направија светот да се заљуби во нив благодарение на митското "je nais se quoi" (тоа нематеријално нешто) во врска со Парискиот шик и стил.

Кетрин Денев

Велат дека возраста на жената не треба никогаш да се открива, но во овој случај може да биде само комплимент. На возраст од 73 години, Кетрин Денев сè уште воодушевува со нејзината грациозност и смисла за стил. Во својата 60-годишна кариера, таа изгради солидна позиција како икона на „Парискиот шик“ и амбасадор на француската убавина секаде во светот. (слика: "Repulsion")

Мерион Котилард

Таа се здоби со холивудската слава откако ги доби наградите Оскар, БАФТА, Цезар и Златен Глобус за нејзината неверојатна улога во 2007 во “La Vie En Rose”, биографски филм за животот на Едит Пиаф. По ова значајно остварување, таа наеднаш стана една од најпознатите и најпрославуваните француски икони, а и не е дека таа не го заслужи тоа. Го заслужи. Мерион совршено го дефинира модерниот француски стил. (слика: “Inception”)

Карла Бруни

Таа се искачи повисоко на скалата за разлика од нејзините колешки супер-модели, и значително го помери критериумот кога стана Првата дама на Франција. Нејзиниот пат од супер-модел до Прва дама е модерна бајка. Многу го споредуваат нејзиниот стил со Џеки Кенеди, но изгледа дека таа се чувствува многу поудобно во улогата на моден бунтовник. Оваа необична комбинација ја прави чиста француска модна икона. Елеганзија со допир бунтовништво. (слика: со Овен Вилсон во “Midnight in Paris”)

Ванеса Паради

Исклучителна, нежна, скромна, ултра женствена, со заштитен знак на раздвоени заби, Ванеса стана икона на парискиот стил уште во моментот кога се појави со својата песна “Joe Le Taxi” во 1986. Таа стана муза на Шанел и... на Џони Деп. А за останатиот свет, таа е совршена асоцијација помеѓу француската жена и нивната природна, исконска убавина. (слика: со Роман Дурис во “Heartbraker”)

Одри Тоту

Актерката во која се вљуби целиот свет по улогата на Амелија Пулен е есенцијата на Парискиот шик. Нејзината смисла за мода речиси совршено одговара со необичниот карактер кој таа го глуми во филмовите. Нејзините модни комбинации се женствени и по малку флертувачки, но на резервиран и дискретен начин, кој е типичен за Франција. (слика: “Amelie”)

Брижит Бардо

Нејзината склоност за по малку несредена, заплеткана коса и очи исцртани со моливче, набрзо стана и нејзин заштитен знак. Таа не се плашеше ниту да го открие деколтето, што ја прави помалку париска, а малку повеќе јужно-француска икона, но во секој случај таа беше француска модна икона со голем тален. (слика: “And God Created Woman”)

Коко Шанел

Моден генијалец и екстремно храбра жена, која без сомнение направи револуција во модната индустрија и во начинот на кој жените се облекуваат. Нејзиниот едноставен пристап кон облеката, не само во дизајнирањето, туку и во носењето, ја направи една од најголемите француски модни икони на нашето време. Нејзината креација „малиот црн фустан“ инспирираше многу генерации и сè уште го прави тоа. (слика: архива)