Македонија
    |         |         |    
BSP_motivation_boosters

Како да ги користиш парфемите?

Дали знаеш како да го користиш парфемот за да го ослободиш целокупниот спектар на мирисот? Не е доволно само да го ставиш на себе. Научи што ти треба за да обезбедиш твојот мирис да трае подолго и да уживаш во него.

1. Со мерка

Убавите мириси даваат енергија, ја зголемуваат самодовербата и прават да се чувствуваш поубаво од обично. Користењето парфем е уметност. Не треба да претераш со нанесувањето, или ќе го расипеш резултатот. Премногу интензивниот мирис може да иритира, а тој ефект е непосакуван. Првото правило е – нанесувај со мерка!

2. Не мешај

Ако користиш одредени мириси наутро, а други навечер, се препорачува да се истушираш пред промената. Не мешај различни мирисни композиции. Обезбеди се дека нема да го нарушиш мирисот со део-спреј. Пожелно е да се користат део-спрејови без мирис или да се користат производи од истата линија како што е тоалетната вода или парфемот. Секогаш зајакнувај го мирисот со парфимиран балсам, кој обезбедува долготрајност и во исто време, ја храни кожата давајќи ѝ совршен изглед.

 

 

3. Нанеси го парфемот на места на кои сакаш да те бакнат

Најдобро е да го нанесеш парфемот на места на кои сакаш да те бакнат! Најпрво, нанеси од мирисот во воздухот и застани на тоа место. Потоа, нанеси го на внатрешната страна на рачните зглобови, зад ушите, на вратот и долж линијата на вратот. Ова се најчестите ерогени зони кои имаат подобро снабдување со крв, со што мирисот комплетно се впива и трае подолго. Не ги бриши капките од парфемот, туку остави ги на кожата. Нанеси го мирисот пред да се облечеш. Ткаенините, особено свилата, може да се исфлека од парфемите.

4. Нанеси го следниот слој од парфемот веднаш штом првиот го изгуби својот интензитет

Мирисите го губат интензитетот по 4-8 часа, во зависност од тоа дали користиш тоалетна вода, парфимирана вода или парфем. Разликата е во концентрацијата на мирисните масла – колку е таа поголема, толку е посилен мирисот. Нанеси го следниот слој пред да истече времето; запомни дека ти можеби си се навикнала на мирисот и си престанала да го чувствуваш – но сите околу тебе сеуште го чувствуваат!

5. Тоалетна или парфимирана вода?

Тоалетната вода е најкористена; има концентрација од масла на ниво од околу 10%. Многу машки мириси се тоалетни води. Колонската вода има концентрација на масла од 5 %. Парфимираната вода  достигнува ниво на концентрација од 15% - овој тип мириси трае доста подолго. Парфемот има концентрација на масла од 25%, што гарантира долготрајност на мирисот. Користи ги економично.

6. Не го фрлај шишенцето

Чувај го парфемот на студено, темно место. Цврсто затвори го капачето и препорачливо е да го користиш шишенцето во кое си го купила производот. Ова ќе обезбеди долготрајност на мирисот и ќе спречи предвремено испарување.

7. Користи различни парфеми

Колку почесто користиш одреден мирис, толку побрзо престануваш да го чувствуваш. Ова е причината зошто вреди да се користат различни парфеми. Не постојат строги правила, освен ова: избери мирис кој ти прилега и мириса добро на твојата кожа. Ако сакаш цветни мириси, нема ништо лошо ако ги користиш и наутро и навечер. Посилните, ориентални ноти може да бидат потешки за околината, така што не претерувај со нив додека си на работа, но не треба сосема да се откажеш од нив, или пак, резервирај ги само за навечер.

 

 

8.    Пробај ги твоите мириси на кожата

Пробај ги мирисите на внатрешната страна на зглобот, не повеќе од три композиции во исто време. Не дозволувај изборот на твоите пријатели да влијае на тебе – твојот нос и твојата кожа се важни во овој случај. Парфемот треба да биде во хармонија со твојот темперамент, расположение и прилика.

9.    Избери мирис согласно приликата, стилот и расположението.

На пример, мирисот Femme, создаден од овошни, цветни и мошусни ноти, идеално одговара за жени кои едноставно сакаат да ги заведат останатите со нивниот шарм и се убедени во својата убавина и моќ. Ако сакаш да ја отелотвориш класичната елеганција, користи парфеми кои алудираат на безвременски, универзален гламур, како што е Little Black Dress. Некој шарм, во склоп со ориентално-цветни ноти со циклама, иланг-иланг и цвет од слива, е неопходен за вечерни матиена или бизнис состанок, исто како и малиот црн фустан.

Ако одиш на состанок или романтична вечера и чувствуваш пеперутки во стомакот, користи комбинации полни со финеси кои ќе го обземат саканиот. Идеално, тој треба да мириса исто како енергија, храброст и моќ, квалитети кои ги поседува смреката, чемпресот и мошусот. Мажите треба да го менуваат нивниот мирис, исто така; убеди го партнерот!