Македонија
    |         |         |    
Save the Earth with AVON

Помогнете ѝ на Земјата со AVON

Во Avon природата нè инспирира секој ден. Мириси, бои, форми, шари се насекаде околу нас и суптилно ја поттикнуваат нашата имагинација за да создаваме прекрасни производи. Тешко е за нас да останеме индиферентни кон околината од која црпиме толку многу. Токму затоа, се трудиме да вратиме на природата со секој можен чекор.

Нашите активности во најголема мера се фокусираат на критично загрозените тропски шуми во Јужна Америка и Индонезија, кои се попознати како „белите дробови на Земјата“. Од исклучително значење е да ги чуваме во добра состојба бидејќи продуцираат околу 20% од кислородот на Земјата и претставуваат дом на многу загрозени видови. За жал, поради зголеменото уништување на шумите, илјадници животни и растенија исчезнаа засекогаш.

 

 

 

Не можеме да дозволиме тоа да се случи и токму затоа не запираме да садиме дрва кои помагаат во обновување на шумите. Сепак, може уште многу да се направи и затоа сакаме да ве поканиме да ни се придружите во напорите да ја правиме нашата планета позелена секој ден.

Кажете Добредојде на зеленото утре со купување на оваа Алка за позелена иднина и покажете дека се грижите. 100% од профитот ќе биде наменет за AVON Фондацијата за жени, кои понатаму ќе ги донираат средствата на World Wild Fund и The Nature Conservancy, за да ги обноват загрозените тропски шуми неопходни за опстанок на планетата.