Македонија
    |         |         |    
BSP_fact_myth

7 совети за нега на раце и нокти

Како да направиш твоите нокти и раце да изгледаат совршено? Погледни ги овие наши 7 корисни совети и поткрени го маникирот на повисоко ниво.

1. Заштити ја кожата на рацете

Кожата на рацете е изложена на бројни штетни влијанија во текот на денот: студенило, сонце, ветер, средства за чистење и многу други. Нејзиниот тенок слој е подложен на сушење и лесно покажува алергии. Уште повеќе, кожата на рацете има недостаток од лојни жлезди, меѓутоа има многубројни потни жлезди кои ја прават подложна на дехидрирање. За ефикасно да ја заштитиш од несаканата сувост, миј ги рацете со млака вода бидејќи врелата ги оштетува епидермите и ја ослабнува заштитната обвивка на кожата. Кога нешто миеш или чистиш, секогаш носи заштитни ракавици за да го одбегнеш директниот контакт со средствата за чистење. На студено време не заборавај да ставиш ракавици за да ја заштитиш кожата од пукање.

2. Потхранувај и хидрирај

По миењето на рацете, измазни ги со крема за раце која содржи хидрирачки состојки или природни омекнувачи како што се мед, алое, глицерол, какао и витамини А, Ц или Е, кои ќе ја одржуваат кожата мека, мазна и нежна, но и прекрасно намирисана. Во зима можеш да употребуваш побогати формули, а пак кога кожата старее, премини на производи кои содржат активни состојки како ретинол, кои ќе помогнат да се надополни изгубеното ниво на хидратација и ќе ја намалат видливоста на брчките. Одвреме навреме можеш да нанесеш и деликатен пилинг на твоите раце. Пробај со домашни мешавини, како на пример маслиново масло, шеќер и лимонов сок кои ќе ја хидрираат кожата и истовремено ќе го израмнат нејзиниот тен.

3. Одмори ги рацете

Постојано ги употребуваме рацете, но за континуираната работа на компјутер или пак за играње со мобилен телефон потребни се одредени движења на дланките, рацете и прстите кои предизвикуваат тензија на мускулите и болки. За да ги одмориш рацете можеш да се обидеш со едноставни вежби како што се стискање на гумено топче. Исто така можеш да се обидеш и со масажа на дланките со помош на професионален масер, или пак пријател.

4. Јади добро

Ноктите можат многу да говорат за нашето здравје. Доколку површината на ноктот е груба, излупена или пак покажува дисколорации, тоа може да значи недостаток на минерали, витамини или дури и проблеми со црниот дроб. За да ги одржиш ноктите здрави, не е потребна само специјална нега, туку и исхрана богата со масни киселини, протеини, витамини Б, Ц и А, магнезиум, железо, калциум и цинк. Тоа значи дека во исхраната треба да додадеш лосос, спанаќ, брокула, бадеми, јајца, житарки, интегрален леб и морски плодови.

5. Грижи се за заноктиците

Биди нежна со заноктиците. Нанесувај крема која ќе ги направи помеки за потоа полесно да ги отстраниш или турнеш назад. Одбери формули со витамини и хидрирачки состојки, како што е алоето кое ќе обезбеди здрав изглед на кожата околу ноктите. Отстрани го само вишокот на заноктиците бидејќи прекумерното сечење може може да ги направи ноктите подложни на инфекции и бидејќи самите заноктици градат заштитна бариера на ноктите.

6. Обликувај, измазни, исполирај

За да го постигнеш саканиот ефект сите нокти треба да бидат измазнети, исполирани и обликувани. За да го постигнеш тоа не мора повеќе да посетуваш професионален салон за маникир, туку истото можеш да го направиш и дома со соодветна алатка за маникир со 3 додатоци: еден за обликување и отстранување на мртвата кожа, еден камен за измазнување на распуканата површината и еден за полирање и постигнување на природен сјај.

7. Користи негувачки формули

Нанесувај измазнувачки формули на ноктите за да ги направиш појаки и здрави. Ваквите третмани можеш да ги користиш самостојно или пак како дел од твојот маникир, нанесувајќи ги како основа или пак завршен слој. Гел формулите со пченични протеини и калциум ги зајакнуваат ноктите, создавајќи цврст, мазен и сјаен финиш. Доколку твоите нокти се подложни на кршење или пак се лупат, нанеси слој со кератин, кој е клучната структурна состојка на ноктите и косата и помага во зацврстување на нивната структура. За да ги омекнеш ноктите можеш да се обидеш со формула со бисерен финиш – третман кој зајакнува, заштитува и овозможува природен сјај. 

 

Сега твоите нокти се подготвени за маникир. Погледни ги нашите туторијали за најжешките трендови.