Македонија
    |         |         |    
BSP_butterfly_makeup

Какви состојки ѝ се навистина потребни на твојата коса?

Шампон и балсам за коса со кератин или колаген? Интензивен третман со свиленикави протеини или арганово масло? Со толку многу достапни состојки, веројатно е тешко да се одбере вистинската линија за нега на коса. Пред да ја направиш конечната одлука, добро е да провериш како всушност делуваат различните состојки

Кератинот е протеин кој е природно присутен во оската на влакното. Тој исто така ја гради надворешната епителна обвивка на косата, со што обезбедува поголем сјај и ја заштитува од штетните надворешни влијанија. Стилизирањето на косата како фарбањето, виткањето, сушењето со фен, исправувањето, па и секојдневното четкање и надворешните фактори, ги ослабнуваат влакната на колагенот, што пак може да доведе до распукување на косата. Распуканите влакна на колагенот ја прават косата безживотна, кршлива, сува, груба на допир, тешка за чешлање и предизвикуваат раздвојување на врвовите. Според тоа, доколку твојата коса е премногу сува по многубројните третмани или пак била изложена на сонце, ветер или екстремни температури, препорачливо е да се одберат производи кои содржат кератин кој ќе ја поправи и зајакне структурата на косата и ќе ја подобри нејзината состојба. Ќе забележиш дека по употребата на кератин, твојата коса ќе стане појака, поеластична, помека и сјајна. Ќе ти биде полесно да ја отплеткаш и што е најважно, ќе добие повеќе волумен.

Колагенот е протеин кој ја зајакнува косата, почнувајќи од нејзиниот корен. Доколку коренот не обезбеди адекватна количина на протеин, состојбата на косата може да се влоши што ќе резултира со тенка, кршлива, слаба коса која е можно и да почне да опаѓа. Колагенот, стимулирајќи го коренот на косата, придонесува за нов раст и поздрав изглед. Исто така го намалува и опаѓањето на косата, а дури може и да го пролонгира процесот на оќелавување. Одбери производи со колаген кога твојата коса има тенденција за масовно опаѓање, кога е тенка, премногу третирана или пак подложна на кршење. Веднаш по првата употреба на производи со колаген, твојата коса не само што ќе биде помазна и појака, туку исто така ќе добие и волумен.

Свленикавите протеини се задржуваат на површината на косата, правејќи ја мазна подолго време и заштитувајќи ја од губитокот на влажност. Уште повеќе, тие помагаат во зголемуивање на нејзината еластичност, го прават стилизирањето полесно и го намалуваат статичкиот електрицитет. Протеините ја прават косата мека и сјајна. Тие формираат заштитен слој на површината на косата, заштитувајќи ја од механичка штета. Производите со свиленикави протеини се дизајнирани и за оние кои имаат оштетена коса од стилизирањето, но и за оние со слаба коса, подложна на кршење и со раздвоени врвови. Свиленикавите протеини исто така помагаат и во враќањето на здравиот сјај на безживотната коса.

Растителните масла содржат скапоцени состојки (незастени масни киселини, витамини и фитостероли), благодарение на кои косата е понегувана, поеластична, сјајна и имуна на штетните надворешни влијанија. Потхранувачките состојки на растителните масла не само што темелно продираат во косата, туку исто така навлегуваат и во коренот, со што ја прават појака. Тие дополнително го негуваат и скалпот и помагаат во регулирање на продукцијата на себум. Постои голем избор на масла, и тоа секое со уникатни катактеристики. Бадемовото масло ја хидрира косата и го враќа нејзиниот сјај, додека пак маслото од макадамија длабоко ја потхранува, ја измазнува и ја регенерира косата, правејќи го стилизирањето полесно. Доколку сакаш твојата коса да биде поеластична и мека, одбери арганово масло кое истовремено ќе додаде и здрав сјај. Косата подложна на статички електрицитет ќе ти биде благодарна доколку употребуваш масло од камелија кое ги затвора кутикулите на косата, го смирува електрицитетот и грубоста. Маслото од марула овозможува мекост и сјај, додека пак гроздовото масло го прави чешлањето и стилизирањето полесно. Некои производи содржат повеќе комбинации на масла, со што обезбедуваат комплексна нега на косата.

 

Аргининот е супстанца која го стимулира растењето на косата. Токму затоа производите со аргинин се препорачуваат на оние кои се соочуваат со опаѓање на косата, кои почнуваат да оќелавуваат или пак на оние кои косата им расте премногу бавно. Исто така, аргининот додава и волумен на косата, правејќи ја воздушеста и лесна и подобрувајќи ја нејзината еластичност и заштитувајќи ја од електрицитетот. Дополнително, аргининот им дозволува на хранливите состојки побргу и подобро да се апсорбираат во косата.

 

 

Серум за обновување на косата

Шампон за обновување на косата

24-часовен серум за свиленикава коса

Шампон за свиленикава коса

Потхранувачки балсам со скапоцени масла Nutri 5

Потхранувачки шампон со скапоцени масла Nutri 5

Интензивно потхранувачки спреј со Nutri 5 комплекс

Третман за зајакнување и заштита на косата кој не се плакне

Шампон за зајакнување и заштита на косата

Потхранувачки шампон со мароканско аграново масло за сите типови коса

Потхранувачки третман со мароканско аграново масло кој не се плакне, за сите типови коса