Македонија
    |         |         |    
BSP_guyssportscents

Момците, спортовите и мирисите

Ги сакаме момците кои сакаат спорт, нели дами? Доколку сакате да му ја покажете својата љубов со мал подарок, одлучете се за мирис кој најмногу ќе одговара на неговите спортски навики... а има многу од кои можете да одберете.

Фудбалер

Фудбалот отсекогаш бил омилениот спорт меѓу мажите кој од некои причини ги возбудува повеќе од половината на Земјината топка. Не е ни чудно што стана инспирација за многу производи за мажи, па и за мирисите не е ништо поразлично. Во портфолиото на AVON ја има тоалетната вода Central Action која е совршен мирис за активните играчи. Ново промовираниот Action Kick од линијата AVON SPORT исто така е одличен избор за оние кои се активни.

 

Трагач по брзина

Постојат мажи кои се вистински зависници од адреналин и ја добиваат вистинската доза во моментот кога ќе се качат на мотор и ќе ја развијат брзината. Ваквите момци се инспирирани токму од мирисите како Full Speed во сите негови верзии, оригиналниот Full Speed Adrenaline и неговата следна варијанта Full Speed Power. 

 

Сурфер

Доколку вашето момче сака да ги предизвикува брановите, тој веројатно ги сака и екстремните спортови. Неговиот карактер го инспирираше мирисот создаден за вистинските трагачи по возбуда. X-Series Splash е совршен, динамичен мирис за оние кои се силни во животот и речиси ништо не може да ги сопре.

 

Танцувач

Танцот во последно време е и спорт, а времето кога беше само дел од убавото однесување е одамна изминато. Не велиме дека е лошо, бидејќи нема ништо подобро од тоа да имате „приватен танчер“, особено кога неговиот мирис е добар колку и неговите движења. Во портфолиото на AVON има 3 мириси кои се совршени за момчиња кои имаат добри движења: живиот My Vibe, предизвикувачкиот Just Play и динамичниот Just Move

 

Тркач

Трчањето е многу „ин“ и... многу секси. Момците кои можат да издржат маратон обично се одлични партнери. Тивки, фокусирани, силни и доверливи. Парфимеристите на AVON ја зедоа нивната етика како инспирација за линијата AVON SPORT Dynamic Fresh, маженствена мешавина од сочен цитрон, морски ветар и мошус.

 

Зависник од теретана

Многу мажи одат во теретана, но некои од нив се навистина зависни од вежбањето. Нема ништо лошо во оваа зависност, особено поради тоа што теретаната е фабрика за здравје и убавина. Восхитувањето за фокус и добра концентрација, што е и главната добра особина на вежбачите во теретана, беше инспирација за линијата AVON SPORT Bold Focus. Чиста маженственост со секое прскање.

Скејтер

Секој маж во себе има и нешто момчешко, а понекогаш момчето излегува и на површина и сака да си игра исто како и во минатото. Ваквите момци често сакаат да возат скејтборд и да се забавуваат. Нема ништо погрешно околу ова. Не го убивајте тоа во него и не го терајте да порасне. И покрај сета длабочина на љубовта, вам токму ваквиот карактер и ви се допаѓа кај него, нели? Доколку барате мирис совршен за него, одберете го X-Series Rush. Само помирисајте го и ќе знаете дека токму тој е идеалниот за него.

Пливач

Момците кои ја третираат водата како своја природна околина вообичаено имаат неверојатно тело и одличен пристап кон животот. Тие можат да предаваат оптимизам на начин на кој што би предавале во училиште. За ваквите мажи AVON создаде величенствена мешавина од океанска роса, сина сардела и балтички килибар во новата тоалетна вода AQUA. А, оние кои сакаат да ги освојуваат брановите на брод, ќе уживаат во свежината на класичниот мирис AVON EXPLORATION.