Македонија
    |         |         |    
BSP_motivation_boosters

Како да ги оствариш своите соништа?

Има периоди во животот на многу жени кога предизвиците се едноставно преголеми. Се чувствуваш бескрајно хаотично. Никогаш немаш доволно време. Сметките се трупаат и понекогаш мора да работиш нешто што не сакаш, само за да го протуркаш денот. Тоа не е животот што го посакуваше! Тоа не е она за што сонуваше!

Соочи се: никој друг нема да ги следи твоите соништа наместо тебе. Секој има свои соништа и свои цели кои сака да ги постигне во животот. Ако не тргнеш по нив, никој друг нема да го стори тоа за тебе.

Соочи се повторно: најчесто не го добиваме она што го сакаме затоа што прерано се откажуваме. Понекогаш се откажуваме уште пред да започнеме, а другпат се откажуваме токму пред да се случи големиот пресврт во кој сме вложиле премногу труд за да го постигнеме.

Значи, како да ги следиш своите соништа и никогаш да не се откажеш?

Верувај во твоите соништа

Верувањето во сопствените соништа е неопходно за да се стекне мотивацијата која е потребна тие да се исполнат. Во животот ќе има многу луѓе кои ќе се обидат да те изневерат и да ти кажат дека она што сакаш да го постигнеш е едноставно невозможно. Не дозволувај никому да ти ги уништи твоите соништа.

Не чекај

Можеби си мислиш дека треба да поседуваш добри вештини пред да започнеш нешто. Но, вистината е дека ќе научиш многу повеќе правејќи, отколку чекајќи.

Имај план

Се вели дека “Целта без план е само пуста желба”. А кога планот не функционира ... Промени го планот, но никогаш целта!

Направи мали чекори

Почетокот е секогаш најтежок. Твојот сон можеби е голем (и треба да е!) и тоа може да ти изгледа претешко. Сети се на нешто што можеш да го постигнеш во текот на една недела и потоа помисли што можеш да сториш денес.

Никогаш не доволувај стравот да те сопре

Храброста значи никогаш да не се откажуваш. Постојат многу обични луѓе кои постигнале неверојатни работи само затоа што биле упорни и никогаш не се откажувале.

Биди реална

Шансата за постигнување нешто уште во првиот обид е скоро невозможна. За сѐ е потребно време да се научи и сигурно дека ќе правиш грешки. Учи од нив.

Одржувај позитивен став

Позитивното размислување е пресудно. Позитивниот став, заедно со напорната работа и упорноста е начин за остврарување на личните цели.

Побарај помош од другите

Во тешки моменти, обрати се кај пријателите кои може да обезбедат помош и совет. Луѓето околу тебе можат да ти бидат голема поддршка!

Запомни дека си посилна од она што мислиш

Една мала препрека не е доволна да те запре во остварувањето на твоите цели. Ниту пак 10 или 100 или 1000 препреки.

Вежбај

Долгото џогирање го разбиструва умот на начин на кој многу малку други нешта можат. Стави се во движење. Прави нешто поинакво. Дај си физички потстрек.

Не паничи!

Се додека сме живи, сѐ е можно, дури и кога личните сомнежи ќе го разјадат нашето срце и душа. Имаш избор да продолжиш  да се обидуваш сѐ додека не успееш.

Секој секогаш вели: “Следи ги своите соништа!”. Секако дека треба! Сонувањето е добро. Следењето на соништата ти дава енергија, ти дава причина да станеш од кревет секое утро. Уште поважно, те прави постојано инспирирана да ја следиш целта пред себе. За размислуваш големо. Дали си подготвена да започнеш веднаш?