Македонија
    |         |         |    
BSP_carnival_tutorials

Состојки во мирисите: Што мириса кај парфемите?

Ох, парфеми! Кој не ги обожува? Мирисот е особено моќен! Може да го подобри расположението, да ја зголеми самодовербата, да ја инспирира носталгијата или да ја зголеми силата и енергијата. Што ги прави такви какви што се? Прочитај подолу!

Добриот парфем личи на совршено компонирана симфонија. Се состои најчесто од три ноти. Нивната ускладеност е пресудна за тоа како ќе прифатиме определен парфем и како тој треба да се носи.Постојат стотици состојки за парфеми, бидејќи природата е особено богата, а имагинацијата на парфумистите и нивните носеви не познаваат граници. Ви нудиме листа на некои од нив.

Цвеќе

Најпопуларните цвеќиња во светот на парфемите се: магнолија, тубероза, темјанушка, орхидеја, фрезија, јасмин, крин, роза, пачули, божур, воден крин и нежен лилјан. Листата е долга! Некои цветни есенцијални масла се ектремно скапи за набавка, на пример масло од темјанушка. Потребен е половина хектар од овие цветови за да се добијат само неколку капки масло. Слична е состојбата и со есенцијалното масло од магнолија. Овие цветови растат во Северна Америка, Кина и Јапонија и имаат карактеристично слатка арома. Најпопуларни и најценети цвеќиња се розите. Нивниот мирис е долготраен и многу богат. Различни видови на  роза даваат различни тонови, од слатки до топли.Некои цвеќиња изненадуваат со својот мирис, на пример туберозата дава дрвна арома која ги продлабочува мирисите на останатите компоненти од парфемот. Туберозата е една од најскапите состојки во парфемите.

Јасмин и магнолија

Овие два цвета често одат во пар бидејќи прават совршена, ултра женствена и суптилна комбинација. Јасминот се користи во козметиката со векови. Во античките времиња, Грците и Египјаните произведувале мирисни масла од нивните цветови. Денес, се користат во најголемиот број парфеми во различни концентрации! Истражувањата покажуваат дека јасминот има смирувачки и релаксирачки својства. Со негово вдишување се стимулира делот од мозокот одговорен за емоциите. Тоа е ефикасен, природен метод за борбата со стресот, депресијата и вртоглавицата.Постојат 200 видови јасмин кои растат во Јужна Европа, Азија и Африка. Цветовите се берат рачно во зори, за да не исчезнат нивните ароматски својства. За да се добие килограм екстракт, потребни се 200 кг цвет!

Мирисот од магнолија се опишува како цветен, а сепак со нота од лимон. Тој е свеж, буен и густ. Исто како и јасминот, го подобрува расположението и разведрува.Ќе ја најдете оваа комбинација на пример во Avon Femme, победничкиот парфем  од големиот тест на мириси, како и во Premiere Luxe.

 

Moшус

Тој е составен дел од многу мириси, и женски и машки. Мошусот е величан и признаван веќе долго време. Интересно е што, на почетокот овој материјал се добивал од место кое не асоцира на добар мирис, а тоа се репродуктивните жлезди на мошусното говедо, сместени во близина на анусот на животното. Денес, тој се добива синтетички. Мирисот е многу интензивен, а сепак топол и сензуален. Додава маестрален луксузен гламур дури и на најобичните композиции. Исто така, го подобрува расположението и служи како афродизијак.

Ќе го пронајдете, меѓу другото, и кај Little Black Dress и Perceive. Машките мириси функционираат со посилни мошусни ноти, на пример Full Speed и Just Play.

 

Сандалово дрво

Дава топла, балсамична, исклучително сензуална арома. Интересно е тоа што сандаловото дрво добива интензитет дури по 20 години – колку е постаро дрворо, толку подлабока е аромата.Како функционира? Сандаловото дрво релаксира, го подобрува спиењето, но исто така, го разбудува либидото. Тој е совршен избор за романтични прилики, како на пример состанок или пригодна вечера.

Сандаловото дрво ќе го пронајдете во Perceive Dew, Cherish или во машкиот мирис X-series Quake.

 

 

Кедрово дрво

Содржи смирувачки и долготраен мирис. Мирисните масла се добиваат од северно американскиот црвен кедар или феникиска смрека. Најчесто се користи кај машките мириси.

Овошки

Круши, јагоди, праски, сливи и цитрони даваат широка лепеза на мириси, воспеани од креаторите на парфеми. На пример, ладно цедената кора од портокал дава силна и освежителна есенција со слатка арома. Праската дава кадифени ноти, додека крушата и сливата асоцираат на зенитот на летото.Мирисот од круша ја зголемува летната и ориентална благост, на пример во композициите како што е Perceive или Femme. Мирисот на праска може да се најде во Incandessence, додека сливата е шармантен и лесен додаток кај Little Black Dress.

 

Бергамотот има свеж, ароматичен и сладок мирис, карактеристичен за женските парфеми. Грациозно се комбинира со овошни и цитрусни ароми. Британците го популаризирале мирисот на бергамотот во Европа во текот на периодот на колонизација. Бил ценет поради убавата и топла атмосфера, особено добредојден во домовите во текот на зимата. Тој е афродизијак кој го опушта телото и го ослободува од стрес и напнатост. Ќе го пронајдете на пример, во Incandessence, мирис свеж како женственоста во пролет!