Македонија
    |         |         |    
BSP_carnival_tutorials

5 совети за меки и мазни стапала

Груби петици, запоставени нокти и плускавци кои може да се сокријат во зима, но во лето – никако! Како да се погрижиш за твоите стапала за да ги носиш сандалите кога и да посакаш?

1. Отстрани ја задебелената кожа

Ти треба малку трпение и внимателност. Кожата на стапалата лесно се суши, што значи дека треба да се ослободиш од сувите наслаги. Во спротивно, дебелата кожа ќе продолжи да се таложи и петиците ќе почне болно да пукаат. Започни со киснење на стапалата во вода со сол или со специјални производи за капење. Тоа е мошне релаксирачко искуство кои ќе ти го подобри расположението. Потоа, отстрани ја и омекни ја кожата со турпија за педикир или со специјален камен за петици (види ја 4 во 1 алатката за нега на стапала). Дополнително, можеш да втриеш и пилинг крем. Повторувај ги овие чекори како целосен третман еднаш, двапати неделно или повеќе, ако тоа го бара твојата кожа.

2. Хидрирај ги стапалата

Ова е неопходен чекор во негата на стапала. Само отстранувањето на мртвиот епидерм ќе биде неефикасно, доколку не обезбедиш соодветна хидратација и ги обновува состојките во твојата кожа. Удобна и практична метода е користењето на овој третман во текот на ноќта. Избери креми со витамин Е, хранлив шеа путер, пилинг со салицилна киселина или смирувачки екстракт од лаванда. По нанесувањето, можеш исто така, да облечеш чорапи за да ѝ овозможиш на кожата лесно да ги впие неопходните состојки.

3. Грижи се за ноктите на нозете

Ако ноктите често се разлистуваат, тоа може да значи недостиг на витаминот А и Е или минерали (цинк, силициум) кои се составен дел од основата на ноктите. Тоа, исто така, може да значи дека треба да ги промениш чевлите. Тесните калапи за чевли може лошо да се одразат на состојбата на ноктите. Ти советуваме да избереш малку поголеми чевли за одмор, особено ако планираш доста да пешачиш. Обиди се да ги регенерираш ноктите пред летната сезона, со регенератор кој содржи витамински комплекс, калциум и кератин и применувај исхрана богата со овошје и јатки.

 

4. Оди боса

Секогаш кога е можно и безбедно, соблечи ги чевлите и остави стапалата да дишат. Одењето босонога прави чуда на твоето здравје и убавина. Дури и Хипокрит рекол: “Најдобрите чевли не се чевли”. Одењето боса го обновува целото тело, ги опушта стегнатите мускули и ја стимулира функцијата на внатрешните органи. Дали знаеше дека постојат стотици нервни завршетоци на стапалата? Одењето боса на росна трева, песочна плажа или ситни камчиња – е прекрасно!

 

5. Опушти ги твоите стапала

Презагреаните и уморни стапала заслужуваат малку опуштање. Ако си во движење, опушти ги нозете со спреј за разладување за инстантна релаксација и удобност. Штом се вратиш дома и имаш повеќе време, можеш да подготвиш релаксирачка купка за стапала со масло од лаванда, познато по своите антисептички и антивоспалителни својства. Да не го споменуваме мирисот на лаванда, кој ги опушта сите сетила ...