Македонија
    |         |         |    
BSP_summer_dress_makeover

Како да изгледаш како добро наспана?

Летните ноќи се прекрасни, топли и... кратки за да се потрошат на спиење! Но, што да правиме за да изгледаме свежо по долгата неспана ноќ? Ние го имаме одговорот

Освежувачки туш

По будењето, оди веднаш под туш. Употребувај козметика која ќе ја хидрира и оживува кожата, а што е најважно – и што ќе ја намирисува! Одбери гелови за туширање со стимулирачки ноти кои ќе ја поттикнат твојата енергија. Исто така, можеш и да ја ексфолираш кожата, малите честички ќе ја освежат кожата, ќе ја стимулираат циркулацијата и ќе направат да се чувствуваш будно и свежо.

Брзо стилизирање на косата

Не заборавај на косата! И на неа одвреме-навреме ѝ е потребна малку нега. Измиената, сјајна и мазна коса ќе додаде леснотија на изгледот, правејќи да се чувствуваш помалку уморно. Одбери козметика која ќе ја негува косата на повеќе нивоа, покажувајќи брзи ефекти бидејќи наутро веројатно ќе треба да се откажеш од мрзеливите СПА ритуали.

Хидрирај ја кожата

Дозволи ѝ на кожата да се напие! По лудата ноќ, твојата кожа може да покаже знаци на дехидрираност. Нанеси лесен, но длабоко-хидрирачки крем на лицето. За побрзо да го хидрираш и твоето тело, можеш да користиш лосион за тело кој се нанесува при туширањето или спреј за тело со овошен мирис, или пак масло кое лесно ќе ја хидрира и освежи твојата кожа.

Постигни свеж изглед

Спаси ја кожата со вистинската пудра! Пудра која одлично ти одговара може да направи чуда за сивата кожата и да ја направи блескава. Одбери ги оние кои имаат лесни, немрсни формули и нанеси ги рамномерно за да го одбегнеш ефектот на маска. Доколку пак пудрата истовремено и ја негува твојата кожа – одлично за тебе! Колку повеќе придобивки ќе добие кожата пред напорниот ден, толку подобро.

Контурирај

Точно е дека пудрата може да направи кожата да изгледа одморено, но исто така треба да ѝ додадеш и малку боја. Во несесерот на секоја спанка треба да има бронзер, руменило и осветлувач за кожа, кои ако се нанесат правилно, на лицето му даваат добар рамномерен изглед и го истакнуваат здравиот изглед. Нанеси малку бронзер под јаболчниците, на врвот на брадата и аглите на челото за да добиеш здрав и природен сјај. Врз образите нанеси малку руменило за да го истакнеш тенот. Потенцирај го и горниот дел на јаболчниците и под веѓите за да го осветлиш тенот околу очите. И вака, поспаноста нема да биде видлива!

Осветли го изгледот

Не дозволувај им на очите да те издадат! Твоите очни капаци се тешки и едвај можеш да ги отвориш. Звучи ова познато? Но, можеш да нанесеш камуфлажа со шминката. Одбери природни мат сенки за очи бидејќи премногу светлите или темните можат уште повеќе да го истакнат твоето поспано расположение. Користи маскара која ќе ги издолжи, извитка и подигне твоите трепки бидејќи така твоите очи ќе изгледаат поотворени.

Кафе-пауза

Пиј вода! Таа е задолжителна за во лето! Сепак, и кафето по неспаната ноќ е нешто што ќе ти помогне да го почнеш новиот ден. Шолја или две наутро ќе ги стимулира твоите сетила и ќе му помогне за мозокот да работи.