Македонија
    |         |         |    
BSP_butterfly_makeup

Редефинирај го твојот изглед

Маскарата и моливчето за очи се чини дека се типичниот пар кој го одбираме за секојдневна шминка на очите. Моливчето само по себе дава многу можности за драматична промена на изгледот и формата на окото, при што маскарата го надополнува, истакнувајќи го погледот. Погледни сама како мали промен во тојот секојдневен изглед можат да постигнат одличен ефект

МОДЕРНА КЛАСИКА

1. Нанеси светла сенка за очи и малку восок на веѓите со цел да изгледаат порамномерно.

2. Нацртај ја првата линија по линијата на горните трепки. Прошири ја линијата кон надворешниот агол на окото, следејќи го обликот на окото, и закриви ја во форма на крило кон средината на горниот очен капак. Нежно дефинирај ги веѓите со сенка на веѓи.

3. Погледни ја исцртаната линија од друг агол со цел за да откриеш дали сакаш да ја задебелиш во близина на кривината.

4. Дефинирај ги трепките со маскара и потенцирај го внатрешниот агол на окото со сребрено моливче за очи.

ШМИНКА КАКО СИРЕНА

1. Нанеси основа за сенка за очи за да ја направиш шминката подолготрајна.

2. Нацртај подебела тиркизна линија по линијата на горните трепки, малку излегувајќи од надворешниот агол на окото и правејќи геометриска форма.

3. Нацртај линија во виолетова боја по долната линија на трепките и заврши ја точно под врвот од тиркизната линија.

4. На крајот можеш да ја завршиш шминката со маскара, како што е Big & Daring, за да постигнеш храбар зглед.

ЗАДИМЕНА СЛИВА

 

1. Нацртај линија по горниот очен капак во темно виолетова боја, малку излегувајќи од аголот на окото.

2. По линијата на трепките, во црна боја нацртај линија која малку ќе ја размачкаш со сунѓерче. 

3. За уште повеќе да го истакнеш „задимениот“ ефект, можеш да додадеш сенка за очи со слична нијанса на средината на очните капаци. Со врвовите на прстите додади посветла сенка на горниот дел на капакот, која ќе придонесе за осветлување на твојата шминка.

4. Дефинирај ги трепките со маскара Big and Daring за поголем волумен.

 

Четирибојни сенки за очи True Color (Berry Love)

Маскара Big & Daring

Моливче за очи со сунѓерче (Deep Violet)

 

Подлога за сенка за очи

Гел-молив за очи SuperShock (Silver)

Гел-молив за очи SupeShock (Savage)

Гел-молив за очи SuperShock (Raw Plum)