Македонија
    |         |         |    
BSP_motivation_boosters

7 начини за вежбање без напор

Кога го движиш телото редовно, се чувствуваш подобро, твојата силуета изгледа подобро, а со тоа и расположението и навиката за спиење. Единствениот проблем е што ретко наоѓаш време и уште помалку – желба за вежбање. Ти препорачуваме седум мудри начини секојдневно да вежбаш скоро без никаков напор!

Работа, дом, деца – сето тоа е важно, но твоето здравје и добросостојба се подеднакво важни. Силно препорачуваме да развиеш неколку навики кои ќе ти помогнат.

1. Утринско растегнување

Истегни се без напор веднаш штом се разбудиш. Не брзај со станувањето; тоа е уште понепријатно за твојот ‘рбет! Прво легни на страна, потоа сврти се на грб и истегни се во секоја позивија. Потоа заврти се на стомак и движи се кон полуседечка положба со повлекување на нозете нагоре на нозете и со пренесување на тежината на телото на надлактиците. Истегни го грбот и остани во таа положба неколку секунди.

Запомни дека треба да се истегнеш и додека се облекуваш и тушираш. Обиди се да ги дофатиш дланките зад грбот; заврти ја главата и рацете. Оваа рутина буди подобро од кафе. Навечер, исто така може да се истегнеш за да ги опуштиш мускулите. Погледни го видеото:

2. Посвои куче!

Нема друг начин – мора да го шеташ кучето неколку пати на ден! Ова е одлична мотивација на која можеш да сметаш без оглед на времето и илјадниците оправдувања и изговори. Дури и кратките прошетки помагаат да останеш во форма. Секако, имањето на куче значи одговорност и трошоци, и затоа не препорачуваме брзи одлуки. Сепак, кучето е пријател кој ефективно се грижи за твоето здравје. Утринските прошетки може да те анимираат и разбудат додека вдишуваш чист воздух, а навечер те смируваат. Ако веќе имаш куче, обиди се да излегуваш на прошетка уште почесто!Не го носи со себе мобилниот телефон додека го шеташ кучето. Диши длабоко, набљудувај ја природата, избегај од секојдневните проблеми. Ова ќе ти помогне да ја обновиш неопходната рамнотежа во животот.

3. Симни се една станица порано

Не се вози до најблиската автобуска станица. Симни се порано. Дополнителната прошетка значи само неколку минути повеќе, а брзото одење согорува повеќе калории и го забрзува метаболизмот. Обиди се да го петвориш ова во рутина. Пешачењето после работа овозможува намалување на стресот и тензијата, така што нема да ги носиш проблемите дома и да ги оптоваруваш останатите. Конфликтите на работа често предизвикуваат домашни проблеми.Додека одиш, диши длабоко. Можеби има парк попатно? Смеј се на себе и поздравувај ги луѓето додека ги одминуваш. Ќе се изненадиш кој брзо ќе влезеш во добро расположение. Исто така, вози го велосипедот до работа. Умните додатоци ќе ти помогнат да го измериш растојанието и времето..

 4. Користи ги скалилата

Заборави на лифтот - на работа, дома, било каде! Скалилата ќе ти помогнат да останеш фит. Тоа е доста интензивен тренинг со мало оптоварување, и доволно добра вежба за неколку мускули. Ќе добиеш добро оформени нозе и цврст задник. Не се подгрбавувај додека одиш. Исправи го грбот, истегни ги градите, собери го стомакот и диши.Качувањето по скали ги одржува зглобовите во одлична форма, бидејќи ги зајакнува мускулите и го држи телото во правилна положба. Обиди се почесто да се качуваш отколку да се симнуваш – поздраво е. Замени ја чантата со удобен ранец за да ти помогне во правилното држење на телото.

5. Одење на пазар, набавки? Оди пешки!

Секаде одиш со возило? Дури и за купување до најблискиот пазар или маркет? Ги земаш децата од градинка и одиш до пошта со возило затоа што е побрзо? Остави го возилото на паркинг. Твоето здравје и околината ќе бидат единствените добитници. Уште повеќе, ќе заштедиш, бидејќи возењето на кратки дистанци е доста неекономично.Усвои едноставно правило – секогаш оставај го возилото кога набавките се во радиус од 2-3 км од дома или од канцеларија. Брзото одење ја подобрува работата на мозокот, ги релаксира рацете и ги исправа нозете. По некое време ќе забележиш колку многу прилики има во денот за брзо одење, а со тоа и можност за вежбање!

6. Навистина забавувај се!

Сакаш музика? Танцувај! Играј со децата, скокај, лудувај наоколу. Дозволи си неколку минути на лудило во денот! Исто така, можеш да вежбаш и додека чистиш. Неколку кругови со џогерот и движења на раката додека бришеш прашина се секогаш добредојдени за здравјето. Искористи ја секоја можност да се движиш. Твоето дете сака да оди на игралиштето? Не се премислувај! Трката до дома од градинка, играњето пипни – стој во парк или качувањето по решетки се одлични вежби! Исто така, може да вежбаш и дома со правење на личен фитнес агол. Направата не треба да завзема многу простор и можеш да ја користиш кога и да посакаш.

7. Табата

Ова е единствениот предлог за вежбање на листата, но трае само 4 минути! Целта е да се движиш интензивно околу 20 секунди, по што следува 10 секунди одмор – оваа шема се повторува 8 пати. Овие вежби даваат одлични резултати, овозможуваат брзо согорување на поткожното масно ткиво и фантастично го збогатуваат со кислород целото тело. Успешно може да ги замениш долгите кардио тренинзи со табата протоколот. Овие вежби се развиени за професионалните атлетичари, но секој кој сака да ја подобри својата фитнес рутина може да има корист од овој тренинг.