Македонија
    |         |         |    
BSP_summer_dress_makeover

Празнични предвремени подароци

Декември секогаш е паничен месец, полн со подготовки и шопинг во последен момент, кога најчесто и не можете да го пронајдете вистинскиот подарок. Затоа, ослободи се од стресот и одбери ги подароците многу порано. Погледни ги нашите препораки за твоите роднини и пријатели.

1. За родителитеДа се најде вистински подарок за родителите знае да биде проблематично бидејќи тешко е да се идентификува што навистина им недостасува. Затоа, како сигурен избор секогаш можеш да одбереш мирис. Доколку на твојата мајка ѝ се потроши парфемот, секако можеш да ѝ купиш нов. Комплетирај го подарокот со лосион за тело, спреј за тело или пак гел за туширање во истиот мирис. Добра идеја за мајките е исто така накит, како на пример класичен бисерен ѓердан кој ќе ја истакне нејзината елеганција.

Дури и доколку не сакаат да признаат, и татковците сакаат негување и комплети за бричење и секогаш ќе им значи комплет производи со нивниот омилен мирис. Елегантен часовник или пак пар топли влечки се исто така безбедна опција за практичен подарок.

2. За негоМажите сакаат разни додатоци. Побарај мултифункционални алатки како УВ пенкало кое содржи игла и шрафцигер кои знаат да се најдат при рака во најмалку очекуваниот момент. Исто така можеш да го изненадиш и со смешен подарок како на пример боксерки со Дедо Мраз. За потрадиционалните мажи, одбери комплет мирисни производи, како тоалетна вода со шампон и лосион за тело и спреј.

3. За децаДецата едноставно не можат да го дочекаат Дедо Мраз. Кога одбираш подароци за нив, одбери онакви со кои нема само да си играат, туку и ќе учат, како на пример подната 4-во-1 простирка за играње. Производи за нега се исто така одличен избор за девојчиња. Сладок мирис или нежно нијансиран сјај за усни ќе ја направи малата принцеза да се чувствува величенствено.

За тинејџери барај модерни решенија кои комбинираат и мода и технологија. На пример, музички топлинки за уши кои истовремено се и слушалки, или пак модерни алки со приврзок со скршено срце кој може да го подели со најдобрата другарка.

4. Твојата надобра другаркаПријателите се како членови од семејството, па затоа не заборавај на твојата најдобра другарка за време на празничните подготовки и подари ѝ нешто посебно! Сигурно најдобро ја познаваш, но доколку сè уште имаш сомнеж што би можело да ѝ се допадне, одбери класика: црвен кармин, палета со сенки за очи и моливче за очи, кои ќе ѝ послужат во безброј прилики. Можеш да додадеш и лакови за нокти со некои празнични ефекти како светки или мат.

5. Декорирање на домот и повеќеДоколку не си сигурна за преференциите на ароми на личноста на која подаруваш, најбезбедниот и најпрактичен избор се празнични декорации. Одбери предмети со божиќни мотиви кои може веднаш да се употребат и ќе потсетуваат на тебе во овие магични мигови. Можеш да подариш и мирисни свеќи, ќебе или влечки во кои твоите пријатели ќе се чувствуваат удобно во зима или пак предмети за во кујна за љубителите на готвењето. Ваквите производи ќе ги употребуваат во текот на целата година.