Македонија
    |         |         |    
BSP_winter_skin_care

Прегрни ја пролетта!

Пролетта е одлично време да ја оживееш твојата женственост. Тргни ја настрана тешката облека, биди сензуална, малку мистериозна и едноставно убава! Шармирај со насмевка, забавувај се со боите. Подолу ќе пронајдеш три идеи кои ќе ти помогнат да ги разбудиш твоите сетила.

Сврти се кон боите

Комбинирај и експериментирај со боите. Хит на оваа сезона се потокаловите, лимон жолти, сочно зелени, розови, црвени и сини нијанси. Смело комбинирај ги боите, на пример магента со портокалова, виолетова со сина. Ако не си расположена за смели комбинации, избери само една нагласена боја. Не заглавувај во рутина, пробај нови работи. Избери колоритни аксесоари, здолништа, панталони и блузи.

Откажи се од “безбедните” сиви нијанси во шминката, пробај нешто полудо. Исцртај нагласена зелена или виолетова линија и нанеси сина сенка на очните капаци. Течните сенки за очи и гелните моливи за очи се одлични за експериментирање со бои и брзи промени. Лесното нанесување и обемниот избор на нијанси ќе те охрабри да си играш со боите. Морнарско сина чанта во пар со морнарско син туш за очи? Зошто да не ги следиш овие совети во изборот на аксесоари и шминка?

Постепено привикни се на разнобојното лудило и ќе забележиш како твојата смелост расте. Ако не се сигурна дека ова е игра за тебе, мешај силни бои со тонирани нијанси. Најлесниот начин да се навикнеш на силни бои е со употреба на лакот за нокти. Розовите високи потпетици едноставно бараат сочни розови нокти. Смирената работна униформа едноставно оживува со портокалови или тиркизни нокти.

Верувај во моќта на боите, бидејќи тие влијаат на твоето расположение и однесување. Другите брзо ќе ја забележат промената и ќе те охрабрат со прекрасни комплименти. Уживај во нив еуфорично!

Тредовите ги инспирираат сетилата!

Покрај лудилото од бои, постојат многу трендови кои можеш да ги користиш за да ја оживееш твојата женственост оваа сезона. Носи панделки, шалови, марами, траки, цветови. Софистицираните ленти и реси се хит на сезоната. Шал грациозно префрлен преку рацете ја оживува и прави заводлива дури и најформалната униформа. Лента наместо ремен може тотално да го промени изгледот на панталоните. Триаголната марама со реси врзана на колковите додава егзотичен шарм на долгиот фустан или џинсот. Панделките ги разубавуваат џебовите. Употреби ја сопствената фантазија! Со сигурност твоите фиоки се полни со додатоци кои можеш креативно да ги користиш.

Биди романтична! Избери нежни фустани, здолништа со реси, тантела, цветни дезени. Романтизмот е сеуште на врвот и оваа сезона, но оваа пролет е особено нагласен. Долгите цветни фустани те прават шармантна и мистериозна – дали е нешто поженствено од тоа?Ако не си љубител на цветни дезени и преферираш посмирена мода, слободно насочи се кон белата боја. Таа се враќа на модните писти во сите нијанси и форми. Може да биде во форма на проѕирна и суптилна, спортска и едноставна. Она што е важно е што ти си во бело од глава до петици и ниту една невеста не треба да се чувствува непријатно. Дури и белите чевли не се веќе резервирани само за медицински персонал. Цела во бело? Многу женствено!

 Секогаш можете да одбереш безбеден спортски стил, кој сеуште е во тренд, овојпат во урбана варијанта. Нема веќе гламур тренерки, туку функционални, удобни фустани, панталони, кошули. Фустани, пожелно со некој принт, едноставни блузи и џинс со разнобојна шминка и нокти се заштитниот знак на разиграната пролетна светлина и свежина!

Ако сакаш по фенси изглед, пробај го машкиот крој. Вакви инспирации ќе пронајдеш во кошули, костуми, дури и чевли. На крајот, ништо повеќе не ја нагласува женственоста од добриот контраст. Линиите и класичните додатоци, како на пример огромните морнарски чанти се особено ефектни. Комбинирај го овој стил со бордо или црвени усни и веќе го имаш идеалниот изглед!

 

Предизвикај ги сетилата со мириси!

Без оглед какви трендови и бои те инспирираат, оживеј ги сетилата со мириси и соодветна нега. Усогласи го твојот стил со добро вклопен парфем. Ќе ти кажеме како!Користи овошни и цветни мириси за лесен романтичен стил. Избери го парфемот Avon Femme, кој е идеален пролетен мирис со јасни ноти на јасмин, магнолија и круша. За спортски, лесен изглед, придружен од добро расположение, изберете јасмин, божур и мошусни ноти. Нема подобар избор од Little Pink Dress и прекрасна насмевка.

Розов бибер, раскошен лотос и кремаста бреза звучат како време за уживање во топлото летно зајдисонце и ти во бел фустан и јакна на твоите рамења. Тоалетната вода Summer White Sunset ќе те нахрани со дневната доза на слатка романтика идеална за стил во бело.Гледаш ли колку е лесно? Промени го мирисот во зависност од состојбата на умот и стилизацијата. Мирисите вклијаат на расположението и однесувањето, исто така.СОВЕТ ЗА НЕГА: Домашната нега ќе го осежи твојот дух. Ти си секогаш убава која си одморена и негувана. Користи лесни, хидрирачки балсами со јогурт и овошни гелови за туширање – нивниот исклучителен мирис е одлична основа за парфемите. Покрај тоа, тие се дневна инјекција на многу енергија која ја ревитализира кожата. Ова е особено важно сега, кога по зимата сеуште се бориш со сувата кожа. Утринските туширања проследени со суптилна масажа додека се нанесува балсамот, или пак, кратката пауза во текот на денот за да се освежи шминката и да се инспирираат сетилата кога енергијата се намалува – тоа се одлични методи за грижа и лична нега. Тоа е најдобриот начин секојдневно да се нагласи и охрабри женственоста.